Ivana Ramadanova
03 Јуни 2016•Ажурирај: 04 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Специјалното јавно обвинителство очекува претседателот Ѓорге Иванов да ги повлече сите аболиции, дека ќе ги исполни уставните и законските обврски и дека нема да нема селективен пристап, изјави на денешната прес-конференција обвинителката Ленче Ристовска, јавува Anadolu Agency (AA).
Од СЈО велат дека Иванов треба да одговори од каде му се информациите за осомничени лица од СЈО, при неговата одлука од 12 април за аболиција на 56 лица.
„Сѐ уште очекуваме претседателот Ѓорге Иванов да овозоможи реализација на правдата. Правдата не смее да има селективен пристап и не смее да се затскрива вистината. Сѐ уште го очекуваме одговорот од Иванов за тоа од каде има информации за осомничените лица во нашите постапки", изјави Ристоска.
Во врска со одлуката на претседателот за повлекување на аболициите за 22 лица, Ристова вели дека истражните дејства што ги презема СЈО не запреле и дека тие и понатаму продолжуваат. Од СЈО потесетија дека се водат седум истражни постапки во кои се опфатени 60 лица.
„За сега не сме во можност да споделиме повеќе информации за нашите постапки, но тука сме и работиме постојано. Голем дел од нашите постапки се фокусирани на финансиски истраги кои бараат време да се собере и анализира доказниот материјал" рече Ристовска.
Во врска за случајот со Коста Крпач, Ристовска истакна дека тој доброволно се јавил во СЈО да биде сведок во предистражна постапка која се уште не е објавена. Ристовска наведе и дека имаат изјава од Крпач во која кажува дека му биле упатувани закани и оти се е доставено до Јавното Обвинителство, додавајќи дека барањето на Крпач за заштитен сведк не било пријавено во МВР за да се заштити неговиот идентитет.
„Не даваме повеќе информации за Крпач затоа што ќе наштетиме на истрагата на Основното јавно обвинителство. Ние ги доставивме сите информации до нив за да им помогнеме. ВО овој момент најважно е дека ние веруваме дека тоа обвинителство ќе постапи професионално и објективно и дека ќе се расчисти случајот. Но коментари и податоци нема да изнесуваме за Крпач", рече Ристоска.
На новинарско прашање, зошто професорот Мирослав Грчев е избран за вештак во тимот на Јанева, Ристоска објасни дека тие побарале од Архитектонскиот факултет да им се определи стручно лице, а институцијата го избрала токму него.
Ристова даде замерка за неточните информации за СЈО објавени во медиумите. Најави дека во иднина сите информации, односно изјави на СЈО како неделен преглед ќе бидат објавувани на веб страницата на Обвинителството.