Ivana Ramadanova
02 Април 2016•Ажурирај: 03 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Специјалното обвинителство денеска ќе поднесе жалба до Апелациониот суд поради одлуката за домашен притвор за првоосомничениот во случајот „Тврдина”, јавува Anadolu Agency (AA).
Специјалното јавно обвинителство за АА изјави дека тимот на Јанева бара началникот на петтата управа во МВР Г.Г да остане во притворското одделение во Шутка затоа што според доказите со кои располагаат постојат околности за загрозување на постапката доколку тој биде сместен во куќен притвор. Од СЈО велат дека нивните докази утврдуваат дека постојат околности за загрозување на постапката доколку тој биде пуштен дома.
Инаку, Советот од тројца членови вчера ја усвои жалбата на адвокатите на првоосмничениот Г.Г, донесувајќи одлука спротивна од решението на судијата на претходна постапка, со кое завчера му беше одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.
Специјалното јавно обвинителствто го сомничи лицето Г.Г како организатор на уништувањето на системите со кои било извршено нелегалното прислушување во МВР.