Ilkay Guder
04 Јули 2016•Ажурирај: 05 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на турскиот народ и на сите муслимани во светот им го честиташе празникот Рамазан Бајрам и посака празникот на сите лица, домаќинствата, на Турција и на целиот исламскиот свет, да им донесе мир, среќа и спас, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган во својата порака најсрдечно им го честиташе Рамазан Бајрам на муслиманите во Турција и во светот, велејќи: „Месецот Рамазан во Сирија, Авганистан и други региони измина со големи проблеми, проблеми кои не ја одминаа ниту Турција. Терористичките напади, за жал фрлија сенка на бајрамската радост. Напади продолжија и за време на светите денови. Безбедносните сили на Турција херојски се бореа против теористите, но за жал имавме жртви. Ја користам оваа прилика да им посакам Господ да им се смилува на сите загинати, особено на оние кои своите животи ги загубија последнава година дена во борбата со тероризмот. Изразувам сочуство до нашиот народ, а на повредените им посакувам што побрзо закрепнување."
- „Турција презема мерки против глобалната економска и политичка криза"
Претседателот Ердоган истакна дека е задоволен што може да ја зебележи одлучноста и решителноста на безбеднносните сили во борбата против тероризмот и додаде:
„Сведоци сме на значајни промени во светот. За жал хуманитарната криза во Сирија продолжува врз недолжните животи на околу 600.000 луѓе. Турција ги згрижи бегалците од Ирак и од Сирија, ја даваме сета поддршка и ќе направиме сѐ што е во наша моќ за праведно решение на кризата во Сирија."
„Европа се дави во различни проблеми. Економска нестабилност, политичка криза. Одлуката за излегување на Британија од ЕУ, ги предизвикува и останатите членки. Светот се влече кон хаос, и во сопствените земји не ги спречуваат националистичките и дискриминаторски тенденции. Турција ги презема потребните подготовки против глобалната економска и политичка криза и продолжуваме кон исполнувањето на наши цели до 2023 година", рече претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.
Претседателот Ердоган истакна дека во последните 13 години, во процесот на глобални промени, Турција со засилена демократија и економија, успеа да излезе посилна, надминувајќи многу искушенија и тешкотии.
- „Кризата во меѓународните односи, ја оставаме зад нас"
„Ги развиваме нашите односи со Израел и Русија. Позитивните реципрочни чекори последните неколку недели, даваат надеж за иднината. Ги поправаме расипаните односи на меѓународен план, поради состојбата во Сирија, тероризмот, и создадените вештачки кризи. Една по една ги отстрануваме бариерите поставени пред нас" , рече турскиот претседател во својата честитка по повод Рамазан Бајрам.