АНАКАРА (АА) – По издадените инструкции од страна на Мустафа Кемал Ататурк, во првите години по ослободителната војна, беше основанa Anadolu Agency со цел: „Да се чуе гласот на Анадолија во светот“. Во својата 96-та година од постоење, Агенцијата е на пат да биде една од најдобрите светски агенции.
Anadolu Agency има посебно место во историјата на Републиката, преземајќи критични задачи во моментите на борбата за ослободување. Во започнатиот процес за национална борба за независност, беше моќен канал, преку кој во земјата и во светот со гордост се објавуваа достигнувањата. Маратонот на вести на Anadolu Agency со години продолжува без прекин, под новинарското мото „сигурно, објективно, етички, брзо“ и со сигурни чекори напредува кон својата 100 годишнина.
Авантура за создадвањето на АА
За формирањето на Anadolu Agency во тие тешки времиња може да се каже како за „пресвртна точка во националната борба“. По окупацијата, дел од интелектуалците кои увиделе дека не можат да останат во Истанбул, барат решенија за друг начин за учество во националната борба. Авантурата на создавањето на АА започнува во времето кога дел од интелектуалците од окупираниот Истанбул преминуваат во Анадолија. Пет дена по окупацијата на Истанбул на 16 март 1920 година, на пат излегуваат Јунус Нади (Абалиоглу) и Халиде Едип (Адивар) и на 31 март се среќаваат во Гејве. На дадената пауза на станицата во Акхисар двајцата интелектуалци се договориле:
„Мораме што е можно поскоро да формираме агенција во Анкара“. Јунус Нади и Халисе Едип разговарајќи за името на агенцијата, меѓу предлозите „Турска“, „Анкара“ и „Анадолу“ се обединуваат околу името „Anadolu Agency“. Историјат Делегацијата во која биле Халиде Едип и Јунус Нади на 1 април пристига во Анкара, Јунус Нади рекол, „вечерта на 4 или 5 април“ по вечерата со Мустафа Кемал Паша во просториите на земјоделското училиште станало збор за за формирањето на Anadolu Agency .
По овој разговор, AA е основана на 6 април 1920 година. Мустафа Кемал Паша не останува само на објавувањето на датумот на основањето на АA во државата зафатена со огнот на националната борба, туку посочува и на важноста за известување на јавноста за постоењето на внатрешни и надворешни борби. Мустафа Кемал Паша потпишувањето за основањето на АA на денешен туски јазик би било:
- Основата на Исламот, Османлиското царство, чиј центар е под окупација, целата земја и народ се во голема опасност, и затоа цела Румелија и Анадолија се во национална и света војна. Задолжителен услов е муслиманите од земјата и светот да се просветлат со најточни вести, и за ти потреби е формирана AA, под раководство на најкомпетентни лица, која ќе ја информираат на јавноста.
"АА на најбрз начин ќе пренесува вести и информации, бидејќи Советот на нашите претставници се сертифицирани и вистински извори на информации и оваа агенција ќе известува и локално, изработка на договори за итно испорачување и поставување информации на избрани места и локации, изнаоѓање на начини за дистрибуција на информациите во повеќе области и села, и за крај најважно е обезбедување на информации“.
Прво биро Како прво седиште на АА, во времето на Национална борба, се користат просториите на Земјоделското училиште, за кои простории Халиде Едип зборува:
„Петтиот ден по моето пристигнување во Анкара, во големата сала ми беше доделена една долга и тесна просторија. Просторијата беше преуредена во еден вид канцеларија. Канцеларијата беше исполнета со предмети, рафтови, столици, две бироа и една стара дактилографска машина. Ги преведував пропуштените делови од написите во англиските весниции. Од телеграфите кои ми ги носеше службеникот на Мустфа Кемал Паша, господин Хајати, ги сечевме потребните делови за АА или весникот на Суверенитет на народот. Покрај ова подготвував и други текстови потребни за комуникација на Мустафа Кемал Паша.“
Покажаниот интерес од страна на Мустафа Кемал кон АА Мустафа Кемал одблиску се ангажираше за АА да го добие потребното вниманието во земјата, бидејќи сметаше дека пропагандата има големо значење во нациоалната борба. Мустафа Кемал за таа цел, не остана само на најавата за основањето на АА, туку ја истакна важноста за испорака на билтените на Агенцијата, за што изработил повеќе дописи и предупредувања. 56-та командата во Тумен, која е под водство на Командант Бекир Сами, на 12 април 1920 година испратила телеграф за состојбата во Истанбул, во кој се бараат сигурни информации, кои АА постојано би сервисирала.
Мустафа Кемал на 18 април 1920 година преку телеграфскиот центар на Аnadolu испратил текст, за кој до стигнале полаки дека информативниот билтен не пристигнал насекаде, но дека услугите на агенцијата треба да се поддржани и од страна на телеграфските работници и истакна дека целиот процес треба се забрза. Мустафа Кемал, привлече внимание со изјавата дека за дефектите кои се јавуваат при пренос на вести од страна на AA претставуваат “криминал кон татковината“.
Принципи на ивестување
При подготовката на билтените, како денеска, така и во минатото, остана тесно поврзана со основната политиката на известување. Во времето на Ослободителната борба, постоеше опасност од рушење на националото единство со провокации и лаги, и со одлука на Големото Национално Собрание, АА започна навремено и правилно да ја информира нацијата, со задача да го задржи народот буден, што претставуваше значителен придонес за интеграција на народот со влада.
АА во рамките на 100-дишната визија, под мотото „Силна информативна агенција на силна Турција“,во моментов ја извршува својата работа на 11 јазици и има за цел да стане една од петте најефикасни светски агенции.
Одбележување на 96-годишнината од основањето на АА
Денес се прославува 96 годишнината од основањето на AA. Претседателот на Управниот одбор и Генерален директор, Шенол Казанџи и придружуван од делегација го посети спомен обележјето на основоположникот на турската држава и АА, Мустафа Кемал Ататурк, и оддадоа почест со почестен молк и положување венец.
news_share_descriptionsubscription_contact
