АНКАРА (AA) - Турската новинска агенција Anadolu Agency (AA) е основана за време на турската војна за независност и стана симбол на националниот отпор против обидите за окупирање на турската територија. Агенцијата е основана во 1920 година и денеска ја одбележува својата 98-годишнина. Историјата на AA е речиси идентична со онаа на Република Турција.
Агенцијата е основана на 6 април 1920 година - 17 дена пред првото свикување на Големото Национално Собрание на Турција (TBMM). Агенцијата беше сведок на сите фази на Националната борба, војната за ослободување и реформите на Републиката.
Агенцијата е основана на 6 април 1920 година од страна на Мустафа Кемал Паша, основачот на Република Турција, со цел да се спречи пропагандата на окупирачките сојузнички сили и нивните локални соработници и нивното ширење неосновани вести насочени кон попречување на Националната Борба и попречување на националниот морал. 98 години подоцна, тој продолжува да работи со оваа мисија во умот.
Anadolu Аgency е основана по налог на Ататурк од писателката Халиде Едип Адивар и новинарот Јунус Нади Абалиоглу, со цел „промовирање на гласот на Анадолија до целиот свет". Агенцијата го пренесува своето искуство и на новата генерација новинари, исполнувајќи ја мисијата на нејзините основачи.

Откако Истанбул потпадна под окупација на 16 март 1920 година, а османлискиот парламент беше поништен, Ататурк ги повика сите провинции да одржат избори за формирање нов парламент во Анкара. Интелектуалците кои сфатија дека повеќе не можат да останат во Истанбул, се обиделе да се придружат на Националната Борба.
Овој развој подоцна го отвори патот за основање на Anadolu Аgency. Оние интелектуалци кои заминале од Истанбул отишле во Анкара во два конвоја. Новинарот Јунус Нади Абалиоглу и писателката Халиде Едип Адивар, одлучија дека е потребно „организирање агенција" во Анкара што е можно поскоро.
Тие се согласија медиумскиот магазин да го именуваат „Anadolu Аgency". За време на Ослободителната војна, Anadolu Аgency ги информираше граѓаните за случувањата во светот и се бореше против покорен став на странските и турски весници во Истанбул. Ново-основаната агенција, исто така, имаше за задача да го информира светот за Националната борба во земјата, за вистинските барања на Турција, наспроти црната пропаганда што ја вршеа окупаторските сили.
- Историски меморандум на Ататурк
Ататурк не само што го најави формирањето на Anadolu Аgency со историскиот меморандум што го испратил низ целата земја, туку ја истакна важноста на Националната борба, и во земјата и во светот. Тој на 9 април го испрати меморандумот до сите воени трупи и провинции, правни и национални субјекти за формирањето на Anadolu Аgency.
„Веста и информациите обезбедени од Anadolu Аgency мора да висат на ѕидовите, на улиците.” „Овие агенциски декларации треба да бидат дистрибуирани до сите населби и села на најбрз можен начин. Многу е важно да се преземат сите неопходни мерки за да се објават информациите на Anadolu Аgency што е можно побрзо. На крајот на краиштата, мора да ме известите со резултатите.", навел Ататурк во меморандумот.

Вестите на Anadolu Аgency, кои тогаш се користат за објавување преку најмалку два билтена секој ден, добива големо значење и стигаа до сите делови од земјата. На 5 мај 1920 година, беше објавен уште еден меморандум со потпис на Ататурк, во кој се наведува дека е одлучено да се користат сите расположливи средства и човечки ресурси за испорака на билтените насекаде низ земјата.
Откако Ататурк им додели на некои од неговите најблиски пријатели да ја направат агенцијата еднаква со западните новински агенции, на 1 март 1925 година основана е Корпорацијата на Anadolu Аgency. Агенцијата се здоби со автономен статус со примерна организациска шема која беше дури и пред западните земји.
- Користена е Истанбулската поморска рута
Ататурк испрати порака до командантот на 61. дивизија во Баликесир, наредувајќи редовна испорака на билтените на Anadolu Аgency во кои имаше важни вести по започнувањето со работа на Големото Национално Собрание преку сигурни бродари и бродски капетани од Бандирма кон Истанбул.
Anadolu Аgency исто така под тешки услови и околности доставувала вести преку телеграми. Понекогаш дури и репродуцираше вести користејќи пишување со рака. Агенцијата, која придонесе за национално будење и во Истанбул и Анкара, ја пишуваше историјата за време на Војната за независност, кога преку нејзините билтени беа доставувани вести од Анадолија до Истанбул.
За краток временски период, зголеменото влијание на билтените дошло до непопустливите сојузнички сили, кои ја согледале улогата на агенцијата во Националната борба. Сојузничките сили потоа се обиделе да развијат стратегии против владата во Анкара.
- Жалбите на британскиот претставник
Британскиот висок комесар, адмирал Џон де Робек ја спомнал агенцијата во својот извештај од 22 мај 1920: „Националистите неодамна формираа новинска агенција која, исто така, објавува дневни билтени. Тие доаѓаат во Истанбул со одредено одложување. Тие содржат извесни вести за тоа што се случува во Анкара. Највпечатлива карактеристика (на овие билтени) е дека пропагираат непријателство против сојузничките држави, првенствено Велика Британија и против Франција во Киликија и Сирија. Преку тоа се обвинуваат Британците за окупацијата на Истанбул и грубиот став на сојузничките држави против Турците. Се злоупотребуваат сит потешкотии со кои се соочува британската влада низ целиот свет, од Ирска до Индија".
Може да се забележи дека во тој период Британците ги следат активностите на Anadolu Аgency не само во Истанбул, туку и во анадолскиот регион. Врз основа на разузнавачките податоци што Британците ги добиле од Самсун, дознаваат дека парите добиени од продажбата на билтените печатени во печатница се донираат во дом за сираци Даруљ Ејтам.
- Тајни испораки
Патриотите, кои веруваа во ослободувањето, ја презедоа задачата да ги дистрибуираат билтените на агенцијата и да ги предадат во Истанбул во тајност и покрај сериозна опасност. Волонтерите кои ја извршија оваа света задача, која беше опасна и важна како шверцот со оружје во Анадолија, се примери за улогата на вработените во Anadolu Аgency во Националната борба.
Во првата фаза, агенцијата ја навела услугата на двајца мажи: Акиф Бег, поранешен сопственик на земјотелската библиотека, а втората е Хајри Будак Бег, кој е пензиониран службеник од службата за сметководство на агенцијата. Акиф Бег беше млад човек кој верува во турската национална кауза. Можеме да кажеме дека полицијата на Бабијали и војниците на сојузничките држави речиси секогаш ја посетувале неговата библиотека. Тој, и покрај сите тие притисоци, продолжуваше со своите активности. Нивните активности беа: собирање разузнавачки податоци за Анатолија, архивирање и дистрибуција на вестите и билтените на Anadolu Аgency испратени од Анадолискиот брег на Мармара.

Дистрибуцијата беше задача на Хајри Будак, кој на пристаништето Сиркеџи, и зиме и лете, го чекаше пристигнувањето од Анадолија на сите видови поморски превозни средства, од кајчиња, рибарски чамци, бродчиња до бродови. Кога ќе забележал дека пристигнува, би заминал до бродот, би ги зел билтените и ги носел директно во земјоделската библиотека. Оваа навидум едноставна задача, се покажа како одличен придонес во борбата.
Информациите од Зонгулдак кон Истанбул биле испраќани преку еден брод на француска компанија „Пејк“. Еден ден, Сирри, пријателот на Хајри кој ја носел чантата кон бродот бил фатен од британската полиција и бил уапсен како штион. Тој бил ослободен по интензивни дипломатски преговори меѓу владата во Анкара и окупаторските сили.
Ајри Будак потсетува: „Бевме двајца пријатели во Истанбул, имавме место во библиотеката на земјоделците и механизам за педали во подрумот. Со него ги испечативме нашите билтени. Нашата комуникација со Анадолија се одржуваше преку Зонгулдак и Измит. Генералната дирекција за публикации и разузнавање - во тоа време Anadolu Аgency беше поврзана со оваа дирекција - имаше две разузнавачки бироа во овие градови.
Тајните документи, пропагандниот материјал, весниците, памфлетите и документите испратени од Анкара во Зонгулдак им беа дадени на еден од нашите луѓе на бродот и ми ги предаде мене и на мојот пријател Сири во Истанбул. Остатокот од работата беше направен од нас. Ние се обидувавме да ја дистрибуираме оваа вест за Анадолија меѓу луѓето од Истанбул. Наша задача беше да ја продолжиме оваа комуникација меѓу Зонгулдак и Истанбул, која можевме да ја проведуваме само прекубродот на француската компанија "Пејк"... Комуникацијата меѓу Истанбул и Измит се извршуваше преку моторни бродови".
- Француски билтени во Вашингтон
И покрај сите тешкотии, Anadolu Аgency успеа да го објави гласот на праведната борба во Анадолија со билтени на француски јазик, спротивставувајќи се на пропагандата на сојузничките држави. Француските билтени на Anadolu Аgency беа испратени до американскиот висок комесар адмирал Бристол во Вашингтон. Ова покажува дека агенцијата исто така била гласот на Националната борба.
- Одговор на грчката армија
Како одговор на дезинформациите што ги ширеше грчкиот штаб во врска со Првата Инону војна, Anadolu Аgency во својот следен билтен ја информира јавноста во земјата и во странство објавувајќи: „Грчкиот штаб не ја објави својата официјална декларација од 11 до 16 јануари 1921 година. Одложената декларација, објавена на 17 јануари, ја опишува грчката операција како обичен извиднички напад и се обиде да го намали значењето на оваа операција.
Вистината за настанот е следна: Тие мора да се повлечат на 150 километри од местото каде што започнаа со нападот, што покажува дека тоа не е обичен извиднички напад. „Тие претрпеа големи загуби и се повлекоа со пораз. Претходно, грчкиот штаб го објави напредокот на своите единици на Билечик и Бозујук како дефинитивен успех, за подоцна да го предефинираат како извидички напад, што е многу контрадикторно".
- Информацијата за влезот на турската армија во Измир како АА ја испрати до Истанбул
Победата на Големата офанзива и влезот на турската армија во Измир беше пресвртница за Турција. Во Истанбул, луѓето што се спротивставија на Националната борба на владата од Анкара беа зачудени, додека луѓето кои веруваа во победа беа пресреќни.
Вработениот на Anadolu Аgency, Хајри Будак, опишува како оваа извонредна вест беше доставена од страна на агенцијата во Истанбул: „Големиот напад започна, а луѓето од Истанбул со љубопитност и ентузијазам чекаа вести од Анадолија. Веста ја добивме на полноќ и започнавме со печатење. Првите единици на нашата војска пристигнаа во Измир и градот го чекаше Мустафа Кемал. По некое време децата излегоа на улиците во Истанбул со билтени во свои рацете извикувајќи ‘Агенцијата, агенцијата пишува дека нашата војска влегла во Измир’. Таа вечер, Истанбул славеше ... Илјадници луѓе во Кадикој излегоа на улиците со факели... прославата продолжи до следното утро во Фенербахче".
Anadolu Аgency има над 2.000 претплатници во 50 земји и објавува вести на повеќе јазици. Anadolu Аgency моментално се емитува на турски, англиски, македонски, албански, арапски, руски, француски, курдски, БХС (босански, хрватски, српски јазик), персиски, индонезиски и шпански.
Речиси 2.400 луѓе од 107 земји работат за Anadolu Аgency, а во 86 земји има канцеларии. Anadolu Аgency, „извор на сигурни вести", објавува просечно по 2.200 вести, 2.300 фотографии, 400 видео вести, 15 преноси во живо и 8 инфографики на дневна основа. Како дел од својата стогодишна визија, агенцијата има за цел да стане една од највлијателните агенции во светот до 2020 година.
news_share_descriptionsubscription_contact
