Bojana Stojanovic
05 Април 2018•Ажурирај: 06 Април 2018
БЕЛГРАД (АА) - Нормализацијата на односите на Белград и Приштина е од клучна важност, не само за процесот за придружување на Европската Унија (ЕУ), туку и за регионалната стабилност и идниот просперитет на народот во регионот, се согласија денес претседателот на Србија, Александар Вучиќ и вршителот на должноста заменик-помошник на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Метју Палмер, пренесува Anadolu Аgency (AA).
Како што е соопштено од Претседателството на Србија, тие околу важноста за нормализација на односите на Белград и Приштина се согласија во отворен разговор, и покрај несогласувањата за ставовите во однос на Косово.
Двајцата соговорници се согласија дека сега е клучен период за идниот развој на Србија, особено кога станува збор за настојувањата да стане полноправна членка на ЕУ.
Палмер истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе продолжат да пружаат поддршка за напорите на Србија за придружување на ЕУ.
Српскиот претседател и американскиот претставник, исто така ја нагласија важноста за добрососедски односи во региониот и се согласија да придонесат за стабилноста.
Вршителот на должноста заменик-помошник на државниот секретар, Палмер, вети континуирана поддршка на дијалогот на Белград и Приштина со посредство на ЕУ, на секој начин кој учесниците во дијалогот го сметаат за корисен.
Вучиќ и Палмер се согласија дека мирољубивите разговори и целосната примена на постигнатите договори се клучни за постигнување на одржливо решение.
Палмер денес се состана и со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.