Dzihat Aliju
04 Април 2018•Ажурирај: 05 Април 2018
СКОПЈЕ (АА) - Постои тврдење дека високи раководители на терористичката организација на Фетула Ѓулен (ФЕТО), кои во рамките на операцијата на Турската разузнавачка служба (МИТ) од Косово беа депортирани во Турција, во косовските банки имаат милиони евра и кон оваа земја имаат тајни аспирации, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во веста објавена на интернет страницата „Indeks Online“ се наведува дека во едно истражување на Косовската разузнавачка агенција (АКИ) за активностите на припадниците на ФЕТО, откриено е дека овие лица во една турска и една косовска банка имаат милиони евра.
На листата, покрај шестемина припаднии на ФЕТО, Џихан Озкан, Кахраман Демирез, Хасан Хусејин Ѓунакан, Мустафа Ердем, Осман Каракаја и Јусуф Карабина, депортирани во Турција, се наоѓаат и имињата на уште 8 други лица со иницијали, Т.А., У.Т., Х.Г., У.Г., Г.Б., О.Б., О.П., и Х.О.
Во веста се објавени информациите за банкарските сметки на овие лица.
„Т.А. на својата сметка има околу 1 милион евра, У.Т. има околу 70.000 евра, Мустафа Ердем околу 60 милиони евра, Јусуф Карабина има околу 100.000 евра, додека Осман Каракаја на сметката има околу 250.000 евра“.
Во објавената вест, поддржана од страна на Косовската разузнавачка служба, се истакнува и целта што припадниците на ФЕТО сакаат да ја спроведат во Косово. Во веста се вели дека лицата, користејќи ги институциите за земјата за сопствени интереси, планирале да формираат моќна социјална околина.
Во веста, интересите на припадниците на организацијата во Косово се дадени по следниот редослед:
„Определување на ученици од семејства кои школувањето го завршиле во нивните училишта или имаат член од семејството во некоја државна институција како што се Косовската полиција, суд, Косовската разузнавачка агенција и Косовските безбедносни сили (ФСК); финансирање на косовските медиуми; назначување на информатори во Министерството за внатрешни работи, во косовска полиција и во Косовските безбедносни сили; одредување на одговорни органи од косовската полиција кои се задолжени за обезбедувањето на амбасадите; предизвикување на активности со кои ќе им се нанесе штета на турските инвестиции во земјата, со цел влошување на косовско-турските односи; обезбедување на степиндии за децата на владините претставници и воведување контрола врз образованието; пробивање во релевантните институции, со цел од една страна привлекување на постојната власт, а од друга страна, создавање дух за воспоставување нов политички поредок во Косово, преку инфилтрирање на лојални ученици во државни институции и невладини организации, и обезбедување овие ученици да бидат вклучени во бизнисите меѓу Турција и Косово; собирање информации за работата на странските мисии во земјата, првенствено амбасадата на Република Турција и турските институции и организации кои делуваат во Косово.“
Покрај тоа, во врска со овие информации, директорот на Косовската разузнавачка агенција испратил писмо до Министерството за внатрешни работи на Косово на 22 март 2018 година.