Kasım İleri
08 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Барак Обама им честита на демократските претседателски кандидати, Хилари Клинтон и Берни Сандерс за нивната почетна трка, јавува Anadolu Agency (AA).
„Претседателот ѝ честита на секретарката Клинтон за обезбедување доволен број на делегати потребни за освојување на демократската номинација за претседател. Нејзината историска кампања инспирираше милиони и ја прошири својата доживотна борба за семејствата од средните класи и децата”, изјави Џош Ернест, портпаролот на Белата куќа.
Иако вчерашните примарни резултати сè уште пристигнуваа, поранешната државна секретатка веќе доби над 2.384 делегати потребни да стане кандидат за претседател од матичната партија на општите избори кои ќе бидат одржани во ноември.
Според Ернест, Обама исто така му се заблагодари на Сандерс, сенаторот на Вермонт, за „давање енергија на милиони Американци со својата посветеност кон прашањата како што е борбата против економската нееднаквост и влијанието на посебните интереси”.
Ернест рече дека Сандерс побарал да се состане со Обама во Белата куќа и додаде дека двајцата лидери ќе се состанат во четврток „со цел да го продолжат својот разговор во врска со значајните прашања кои беа во игра за време на овие избори”.
„Претседателот сака да го продолжи својот разговор со сенаторот Сандерс поради извонредната работа и начинот на којшто тој вклучи милиони демократски гласачи, и како да се гради тој ентузијазам во наредните недели и месеци”, додаде Ернест.