Esra Kaymak
08 Јуни 2016•Ажурирај: 08 Јуни 2016
ВАШИНГТОН (АА) - САД се оптимистични дека ЕУ ќе ги обнови санкциите против Русија за време на состанокот на Европскиот Совет на крајот од месецот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Оптимистични сме дека земјите на ЕУ повторно ќе одлучат за санкции кон крајот на јуни”, рече Викторија Нуланд од Сенатскиот комитет за надворешни односи и додаде: „Затоа што тие го гледааат истото што и ние, а тоа е договорот од Минск кој е далеку од имлементирање во било која од неговите компоненти”.
Таа, исто така, рече дека САД ќе го искористат престојниот самит на НАТО во јули во Варшава, за да се обратат на сојузниците со своите способности да ја одвратат Русија во контекст на наводните кршења на договорот за контрола на вооружувањето.
Според Нуланд, САД работи со своите сојузници со цел „да изврши притисок на Русија во однос на повредите”.
Таа додаде дека членовите на НАТО мора да направат многу повеќе за да ја принудат Русија и сепаратистите да прекинат со насилството и да овозможат договорот од Минск да биде целосно имплементиран.
Според анексот на Крим, Нуланд рече дека САД и ЕУ ќе ги задржат санкциите „додека Крим со право не ѝ биде вратен на Украина” .
Воените страни минатата година во Минск се сложија да го прифатат договорот за сеопфатниот прекин на огнот, но договорот имаше малo влијание врз конфликтот. Ескалацијата на борбите минатиот месец доведе до загриженост кога станува збор за иднината на прекинот на огнот во Минск.
Според ОН, во последните две години во источна Украина убиени се над 9.300 лица.