Selçuk Acar
02 Август 2016•Ажурирај: 02 Август 2016
ЊУЈОРК (АА) - Во градот Њујорк, во САД, уапсен е агент од Федералното истражно биро (ФБИ), поради оддавање доверливи информации на Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
ФБИ својот електронски техничар Џои Чун, чие вистинско име е Кун Шан Чун, го обвини дека на Кина ѝ оддавал доверливи информации. Тој имал пристап до чувствителни и доверливи информации.
Чун е роден 1969 година во Кина, а тој од 1997 година досега работи во ФБИ. Двајца федерални обвинители и двајца адвокати од Министерството за правда, од одделот за контрола на извозот и контразузнавање, го обвиниле дека воспоставил контакт со претставници на кинески компании и со други луѓе, вклучувајќи и владини претставници во Кина. Чун за овие средби на ФБИ ѝ давал неточни информации.
Чун, кој ги прифати обвинувањата, беше уапсен од страна на обвинителството на САД во Менхетен.
За извршеното дело, Чун го очекува казна затвор до 10 години.