АНКАРА (АА) – „Стратфор“, приватната разузнавачка компанија во Соединетите Американски Држави (САД), која ноќта при обидот за пуч во Турција на 15 јули, извршен од терористичката организација ФЕТО, неколкупати ја објави локацијата на авионот во кој се наоѓаше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Оваа компанија веќе подолго време претставува тема на бројни дискусии што се водат во врска со извештаите коишто ги објавува, но и поради методите што ги користи во работата,
Компанијата „Стратфор“ е со седиште во Остин, Тексас, а основана е од страна на Џорџ Фридмен.
Покрај глобалните анализи во областа на економијата, надворешната политика и безбедноста, таа остава многу неодговорени прашања во врска со соработката со разузнавачките агенции на многу земји и во врска со ангажирањето агенти.
Особено внимание „Стратфор“ привлече на 15 јули, кога во критичните моменти за време на обидот за пуч во Турција, цел на нивните објави беше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а објавите што ги споделија со јавноста беа со цел поддршка на пучистите.
Во ноќта на обидот за пуч од страна на терористичката организација ФЕТО, објавите на „Стратфор“ се зголемени за неколкупати над нормалниот број.
„Стратфор“ го привлече вниманието на јавноста со три објави на социјалната мрежа Твитер во моментите кога пучистите поради обидот за атентат се обидувале да го лоцираат турскиот претсеадател Ердоган, при што за многу кратко време го лоцирале авионот во кој се наоѓал турскиот претседател, па објавиле податоци за статусот на леталото.
Во првата објава „Стратфор“ наведе дека авионот се наоѓа над Мраморното Море, а другата објава на Твитер вели дека леталото се приближило кон Истанбул и дека веројатно набрзо ќе слета.
Во последниот пост на Твитер потврдено е дека леталото слетало на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул со означена локација на аеродромот.
Претставниците на „Стратфор“ ги избегнуваа прашањата на новинарите на Anadolu Agency (AA) во врска со динамиката на откривање и објавување на статусот на леталото во време на обидот за државен пуч.
Во ноќта на обидот за државен пуч, „Стратфор“ преку социјалната мрежа Твитер објави и неточна вест на американскиот канал Ем-ес-ен-би-си (MSNBC) дека „Ердоган бара азил во Германија“, и на тој начин бил цел на бројни реакции.
„Стратфор“ не се задоволи само со објавите од 15 јули, така што ден подоцна, на 16 јули, на Твитер креираше профил за Ердоган кој содржеше неточни податоци.
На тој профил е објавено дека „Ердоган во 1999 година бил затворен од војската”, а како причина е наведено „насилството и поттикнувањето верска или расна омраза”.
Нагласено е дека Ердоган во текот на околу 2000 работел на намалување на влијанието и на моќта на армијата, и дека затоа има причина и за одредени лични пресметки со таа структура, со што неосновано е создаден впечаток за поврзаноста на причините и последиците.
Профилот и споменатите објави, по острите реакции на јавноста се избришани.
- Не е првпат -
Турција не е прв случај во кој претседател бил цел на „Стратфор“ со неговите скандалозни објави во текот на обидот за пуч.
Во минатото, критиките на јавноста ги предизвика главниот аналитичар за безбедносни прашања, Фред Бартон, со своите наводи во една електронска пошта испратена на еден од аналитичарите, која се однесуваше на поранешниот претседател на Венецуела, Хуго Чавез. Бартон во тој мејл напиша: „Некогаш планиравме хеликоптерска несреќа за него (Хуго Чавез).
Според одредени дефиниции „ЦИА од сенка”, „Стратфор“ има голем број „клиенти” во американските медиуми. Вестите што ги објавува „Си-ен-ен“, „Блумбер“г, „АП“а, „Ројтерс“, „Њујорк Тајмс“ и уште некои големи медиуми, повикувајќи се на веродостојни извори, всушност се информации на споменатата компанија. Меѓутоа, доверливоста на мрежата на „Стратфор“ и причините поради кои одредени информации ги дели јавно, оставаат зад себе многу прашања.
Викиликс во 2012 година ги разоткри механизмите на внатрешното функционирање на таа установа, покажувајќи дека анализите за кои се мисли дека се темелат на транспарентни извори, всушност доаѓаат со системот на поставување класични шпиони во сите делови на светот. Пример, Викиликс објави дека „Стратфор“ за анализите од Блискиот Исток на едно лице од либиската војска му плаќал шест илјади долари месечно.
Централата на „Стратфор“ е во Остин, американската сојузна држава Тексас. Основана е во 1996 година, од страна на Џорџ Фридман, а нуди анализа од различни области од над 175 земји и региони. Понудата вклучува претплата преку интернет и продажба на собраните податоци преку анализите.
„Стратфор“ има клиенти во многу земји, а во САД тоа се Пентагон, разузнавачките структури, министерствата за безбедност и за надворешни работи, производителите на воени авиони „Локит Мартин“ и некои други компании.Основачот Фридман е познат по антиисламските и произраелски ставови. По потекло е Унгарец, а потекнува од еврејско семејство. По него, во 2015 година на местото шеф на „Стратфор“ е поставен Дејвид Сикора.
Професор д-р Бирол Акгун од Универзитетот„ Јилдирим Бајазит“ за АА рече дека „Стратфор“ наизглед е транспарентна установа, но тоа е всушност една американска компанија чија позадина е многу непозната.
„Познат е и како ЦИА во сенка”, вели Акгун. „Стратфор“ знаел за обидот за државен удар во Турција, односно за неговото подготвување, бидејќи ги објавуваше информациите исклучително брзо во времето на сите случувања.
„Таа вечер објавуваа информации за авионот на претседателот кои не ги имаа ниту разузнавачките структури во Турција. Така им даваа насоки на пучистите преку достапна и отворена линија. Таквите установи не се непристасни, не се формирани за да го информираат светот, а споменатата компанија е позната како неформална структура на ЦИА“, рече Акгун.
Доц. д-р Ахмет Ујсал од истанбулскиот Универзитет „Мармара“ истакна дека „Стратфор“ настојувал всушност да овозможи да биде лоциран претседатлот Ердоган во корист на пучистите.
„Можеме да кажеме дека тоа не беше само едноставно делење информации, туку настојување да им се дадат насоки на пучистите, односно да се објави местото, локацијата на која се наоѓа или рутата по која се движи претседателот”, истакна Ујсал.
Потсетувајќи дека сигурно се знае за поврзаноста на поранешниот директор на ЦИА Грахам Фулер со водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, Ујсал рече дека „можеби САД систематски не се во тоа, но е јасно дека постои одредена разузнавачка екипа која е поврзана со обидот за пуч. Истото го сторија и со Египет. Да успееше тоа, тие би разгласиле, но кога во Турција дојде до неуспех на таквиот обид, тие велат: ,ние не знаевме’. Не е можно за тоа да не знаеле западните разузнавачки служби. Тие тоа и го сторија. Јасно е дека во сè e замешан Грахам Фулер”, рече Ујсал.