Dzihat Aliju
20 Април 2017•Ажурирај: 20 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) – Се тврди дека во Радовиш било спречено одржувањето на програмата „Неделата на раѓањето на пратеникот Мухамед", јавува Anadolu Agency (AA).
Советникот за верски прашања при Турската амбасада во Скопје, Мурат Алкан, за АА рече дека програмата по повод раѓањето на пратеникот Мухамед која се организира од 1989 година, оваа година се организира и во Македонија на темата „Пратеникот Мухамед и доверливото општество“.
Алкан потсети дека вчера во Скопје беше организирана програма во организација на Турската фондација за верски прашања и Сојузот на турските невладини организации (МАТУСИТЕБ), и додаде дека и во градот Радовиш денеска беше планирано да се одржи програма.
Според Алкан, програмата требало да започне денеска во 19:30 часот, а околу час и пол пред почетокот на програмата салата не била отворена, а откако влегле внатре, се соочиле со недостиг на електрична енергија.
Истакнувајќи дека во врска со случајот не биле во можност да контактираат со надлежни лица, Алкан рече: „Телефониравме до општинските службеници, но не успеавме да контактираме со никого. На студеното време беа нашите сонародници и верниците од источниот дел на Македонија кои дојдоа од селата.Треба да се најде решение за ова“.
Алкан нагласи дека тие не се откажале од организацијата на програмата, додавајќи дека истото го реализирале во „Нова џамија" во градот Радовиш.
Тој додаде дека ситуацијата со која се соочиле се смета како навреда за Советништвото за верски прашања при Турската амбасада во Скопје, за МАТУСИТЕБ како организација која ги покрива сите турски здруженија кои вршат дејност во Македонија, и за муслиманите кои живеат во Македонија.