Dzihat Aliju
04 Септември 2016•Ажурирај: 05 Септември 2016
РАДОВИШ (АА) – Во селото Тополница коe се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија, во близина на градот Радовиш, беше организиран Традиционалниот фестивал на Јуруците, јавува Anadolu Agency (AA).
На фестивалот кој оваа година беше организиран по 10-ти пат од страна на Здружението на Турците во Источна Македонија, присутствуваа претседателот на Турската Демократска Партија (ТДП) и пратеникот во Собранието на Македонија Кенан Хасипи, советникот и шефот на мисијата при Турската Амбасада во Скопје Синан Ертај, претседателот на Општина Радовиш Сашко Николов, претставници на турски организации и институции, како и локалното население.
Советникот и шефот на мисијата при Турската Амбасада во Скопје Синан Ертај, во својот говор по овој повод рече дека се чувствува почестен од присутството на жителите. Ертај им се заблагодари на сите кој имале придонес во организацијата на оваа активност, која е многу важна за сонародниците во источна Македонија, со цел да се запознаат меѓу себе и да се приближат уште повеќе со сонародниците од регионот.
Од друга страна, претседателот на организацијата на фестивалот Енвер Хусеин, во својата изјава за новинарите истакна дека исто како секоја година, и оваа година фестивалот го реализирале со нови програми.
Нагласувајќи дека по повод десет годишнината на фестивалот имало големо присутство, Хусеин рече: „Фестивалот кој се реализираше денес беше планиран да се реализира уште порано. Меѓутоа, поради настаните кој се случија во Турција, бевме принудени да го одложиме. Поради настаните на 15 јули, фестивалот беше малку потажен. Го одложивме фестивалот за да покажеме почит кон загинатите херои во Турција. Ќе продолжиме да работиме за организирање на фестивалот и за многу идни години“.
Претседателот на општина Радовиш Сашко Николов го изрази своето задоволство за присутството во фестивалот кој, според него, е пример за меѓусебниот почит, разбирање и толеранција. Истакнувајќи дека во својство на општина секогаш давале поддршка во организирање на овој фестивал, Николов посака овој убав фестивал да продолжи и во иднина.
На фестивалот, жените понудија различни слики со нивната локална облека, а исто така се одржаа трки, народни ора и игри и натпревари во борење.
Инаку, Јуруците се засебна турска етничка група, која живее и во југоисточниот дел на Македонија, во делови на дојранскиот, валандовскиот, струмичкиот и штипско -радовишкиот регион.