Ivana Ramadanova
11 Мај 2016•Ажурирај: 11 Мај 2016
СКОПЈЕ (AA) - Специјалниот пратеник на Германија за разрешување на политичката криза во Македонија, кој е и амбасадор во Австрија, Јоханес Хајндл, утре и задутре ќе биде во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од германската амбасада во Македонија, Хајндл ќе води разговори со четирите партии-потписнички на Пржинскиот договор, како и со шефот на делегацијата на ЕУ, со амбасадорот на САД и другите амбасадори на ЕУ-земјите. Засега од германската амбасада не соопштуваат дали е предвидена средба со претседателот Ѓорѓи Иванов.
Како што минатата недела соопштија од германското МНР, специјалниот пратеник, во координација со претставниците на Европската Унија и на САД во земјава ќе посредува во решавањето на кризата.