Bekim Laci
05 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Македонскиот министер за економија, Дритон Кучи, оствари средба со амбасадорот на Република Косово во Скопје Илбер Хиса, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од Канцеларијата на министерот Кучи, средбата се одржа во Амбасадата на Косово каде што била нагласена успешната соработка на сите полиња меѓу двете земји воедно била изразена согласност и за продлабочување на соработката со други проекти во иднина, во корист на граѓаните на двете земји.
Министерот Кучи изјави дека „Република Косово е важен трговски партнер на Република Македонија долго време, и е земја со која Република Македонија има поголема трговска размена”.
Според статистичките податоци за 2015 година, се вели во соопштението на Министерството за економија, Македонија ја посетиле 1. 329.000 илјади граѓани на Косово, додека 738.000 илјади граѓани на Македонија го посетиле Косово.
Во истиот период во Македонија од Косово влегле 69.573 камиони а од Македонија кон Косово 71. 253 камиони со разна стока, или вкупно 140.826 камиони со стока.
Министерот Кучи и амбасадорот Хиса разговараа за дополнително зголемување на бројот на посетители од двете земји, истакнувајќи дека само во здравствениот туризам граѓаните од Косово во Македонија секоја година трошаат од 25-30 милиони евра.
Исто така, се разговараше и за можноста за прием и за царинење на стока на граничниот премин Јажинце, кој ќе биде олеснување од економски аспект на двете земји.