Zülfiya Yakup
19 Април 2017•Ажурирај: 19 Април 2017
ПРИШТИНА (АА) - Апелацискиот суд на Косово ја укинал мерката куќен притвор и му одреди двомесечен затворски притвор на Насер Кељменди, обвинети за убиство, организиран криминал и трговијата со дрога, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Апелацискиот суд, Арбен Јашари ја потврди одлуката за АА дека Насер Кељменди од домашен притвор се враќа во затворски притвор.
„Судскиот совет на Апелациониот суд на Косово, составен од двајца меѓународни судии на ЕУЛЕКС и еден локален судија, ја усвоија на 2017/04/13 жалбата на Обвинителството, против одлуката на Основниот суд во Приштина од 2017/03/04. Одлуката на Основниот суд е поништена, a наредена e мерка притвор од два месеци за обвинетиот Насер Кељменди до 2017/03/06", рече Јашари.
Апелациониот суд, како што рече тој, утврди дека постои законски основ наведен во одредбите на Законот за кривичната постапка, за одредување на оваа мерка.
Адвокатот на Насер Кељменди, Бесник Бериша за АА потврди дека неговиот клиент се наоѓа во болница на лекување.
Одлуката за трансфер на Кељменди во куќен притвор, Основниот суд во Приштина ја донесе на 20 февруари оваа година.
Кељменди беше уапсен во Косово во почетокот на мај 2013 година врз основа потерницата на Интерпол издадена од Босна и Херцеговина, а пријавата беше подигната од страна на Специјалното обвинителство на Косово во јули 2014 година. Судењето започна во јануари 2015 година, а потоа Келменди се изјасни дека не е виновен.
Тој е обвинет дека бил водач на организирана криминална група која се занимава со организиран криминал и трговија со дрога, а исто така е обвинет за убиството на Рамиз Делалиќ во Сараево во 2007 година.