Admir Fazlagic
03 Јуни 2016•Ажурирај: 04 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Лидерот на партијата „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски попладнево е ослободен од затвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова на медиумите им го потврди и директорот на затворот „Идризово“ Живко Пејковски, кажувајќи дека Бошкоски е пуштен неколку дена пред истекот на затворската казна, која му завршуваше на 6-ти овој месец.
„Бошковски е ослободен денеска во 14:10 часот, со оглед дека се создадоа услови за негово пуштање пред истекот на казната" рече Пејковски.
Љубе Бошкоски беше уапсен на 6.06.2011 година, веднаш по парламентарните избори. Бошкоски во затворот одлежа пет години, а беше осуден во случајот „Кампања“, за нелегелно финансирање на изборната кампања, како претседател на партијата Обединети за Македонија.