Ekipa
23 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
АРКАХАИЕ (АА) - Повеќе од стотина затвореници успеаја да ги совладаат стражарите и да избегаат од затвор во централниот дел на Хаити, јавува Anadolu Agency (AA).
Инцидентот се случил вчера во Аркахаие, крајбрежен град на околу 30 километри северно од главниот град на Хаити.
Според полицијата, затворските чувари биле нападнати во делот од затвор каде што било предвидено бањање за сите затвореници. Во метежот загинал еден чувар, а неколку се повредени.
Затворениците украле неодредено количество оружје што го искористиле во судирот со полицијата.
Локалното население ги следи упатствата на Владата, избегнувајќи да биде на улиците, а американската амбасада ги повика своите граѓани да бидат внимателни.
Полицијата сè уште не утврдила колку затвореници кои избегале се осудени за тешки кривични дела, и за колку се чекала пресуда.