свет

Либерман со затвор му се закани на пратеник Палестинец во Кнесетот

„Местото на Одех и неговите пријатели не е во Израелскиот парламент, туку во затвор. Дојде време да ја платат цената за тоа што го направиле“, напиша Либерман.

Mustafa Deveci  | 21.05.2018 - Обновена : 22.05.2018
Либерман со затвор му се закани на пратеник Палестинец во Кнесетот

Quds

ЕРУСАЛИМ (АА) - Министерот за одбрана на Израел, Авигдор Либерман, му се закани со затвор на Ајман Одех, пратеник од палестинско потекло во Израелскиот парламент (Кнесет), кој влезе во расправија со израелски полицаец за време на неговата посета во болница на демонстрантот кој беше повреден на протестот за поддршка на Газа организиран во Хаифа, јавува Anadolu Agency (AA).

Либерман, во една објава на Твитер, Одех, кој е лидер на Обединетата арапска листа што ја сочинуваат пратеници од палестинско потекло во Парламентот на Израел, и неговите пријатели ги спореди со терористи.

Либерман тврди дека Одех и неговите пријатели го спречуваат спроведувањето на законите. 

„Местото на Одех и неговите пријатели не е во Израелскиот парламент, туку во затвор. Дојде време да ја платат цената за тоа што го направиле“, додаде тој.

Инаку, израелската полиција интервенираше врз демонстрациите за поддршка на Газа организирани минатиот петок во Хаифа од страна на израелските државјани со палестинско потекло, кога беше приведено 21 лице.

Активистот од палестинско потекло Џафер Фарах беше повреден за време на интервенцијата на израелската полиција, а потоа беше пренесен во болница. Пратеникот Одех за време на неговата посета на Фарах во болницата влезе во расправија со израелски полицаец.

Вчера се одржа протест во Хаифа со цел ослободување на приведените 21 демонстрант, протест во кој околу 200 лица кои носеа палестински знамиња, извикувајќи пароли против Израел и САД, побараа ослободување на приведените лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.