свет

Избори во Венецуела: Претседателот Мадуро го освои вториот мандат

Мадуро освои повеќе од 5,8 милиони гласови односно со освоени вкупно 68 отсто од гласовите повторно е избран за претседател.

Nilay Kar  | 21.05.2018 - Обновена : 22.05.2018
Избори во Венецуела: Претседателот Мадуро го освои вториот мандат

Ankara

АНКАРА (АА) - Венецуелскиот претседател Николас Мадуро е повторно избран на оваа позиција на првите претседателски избори, јавува Anadolu Agency (AA).

Шефот на Националниот изборен совет, Тибисај Лусена, изјави дека претседателот добил повеќе од 5,8 милиони гласови односно со освоени вкупно 68 отсто од гласовите повторно е избран за претседател.

Тој изјави дека главниот опозициски кандидат Енри Фалкон освоил 1,8 милиони гласови или 21,2 отсто.

На изборите гласале 46,1 отсто од гласачите, односно повеќе од 8 милиони лица.

Од друга страна, Енри Фалкон, на социјалните медиуми го негираше резултатот нарекувајќи го „нелегитимен“.

Мадуро првпат беше избран за претседател во 2013 година, по смртта на неговиот претходник Уго Чавез. Вториот мандат на претседателот е во период од шест години, односно од јануари 2019 година до 2025.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın