Umur Koçak Semiz
17 Октомври 2016•Ажурирај: 18 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - На северот од Бразил, во еден затвор се случи судир меѓу две групи, во кој животот го загубија 25 затвореници, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста која ја објави Би-Би-Си, во бразилската држава Рораима, во главниот град Боа Виста, за време на посетата во еден затвор, членови на една затворска група влегле во одделот на другата група, по што настанал судир меѓу двете групи.
Осудениците со ножеви и стапови за заложници земале околу стотина посетители.
Во судирот 25 затвореници го загубиле животот. Од нив седуммина починале откако им била исечена главата, додека шестмина починале откако претходно биле запалени.
По реакција на безбедносните сили, 100 заложници биле ослободени.
Локалните медиуми информираа дека во затворот кој е со капацитет од 740 затвореници се сместени повеќе од 1.400 осуденици.
Бразил според бројот на затвореници се наоѓа на четвртото место во светот. Во затворите низ државата се наоѓаат околу 600.000 осуденици.
Пренатрупаноста и несоодветните услови за живот се причина за чести судири или бунтови во затворите низ Бразил.