Ekip
17 Октомври 2016•Ажурирај: 18 Октомври 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кина утринава лансираше летало со екипаж од двајца членови во вселената, јавува Anadolu Agency (AA).
Ракетата беше лансирана во 7:30 часот од космодромот во Џиучиен, кој се наоѓа во провинцијата Гансу во северозападна Кина.
На двајцата астронаути среќа им посака кинескиот претседател Сји Ѓинпинг, кој во моментов е во посета на Индија. Астронаутите, 49-годишниот Џинг Хаипенг и 37-годишниот Чен Донг во авионот ќе поминат 30 дена.
За тоа време, тие ќе ги тестираат системите за подолг престој во вселената. Ќе ја истражуваат и поправката на системите во космосот, космичката физика и биологија, како и соларните бури. Тоа ќе биде третото патување на Џинг во вселената, по мисиите во 2008 и во 2012 година, а својот 50-ти роденден го дочека во вселената.
Кина својата прва мисија со екипаж во вселената ја испрати во 2003 година, со што стана третата земја што го направила тоа, по Русија и САД.