Recep Şakar
17 Октомври 2016•Ажурирај: 18 Октомври 2016
МЕЛБУРН (АА) - Во Австралија, земја којашто е дом на 24 милиони луѓе, живеат три милиони лица под линијата на сиромаштија, од кои 731.000 деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Австралискиот Совет на социјалната служба (ACOSS) објави податоци за 2016 година коишто покажуваат дека бројот на деца што живеат под линијата на сиромаштија во изминатите десет години се зголемил за два отсто. Покрај тоа, овие деца претставуваат 17,4 проценти од вкупниот број на деца во земјата.
Претседателката на АЦОСС, Касандра Голди изјави дека зголемувањето на бројот на деца што живеат под границата на сиромаштијата е срамно.
„За 25 години, колку што нашата економија расте, не можевме да обезбедиме подобар почеток на животот за децата, кои се најскапоценото нешто на нашата иднина“, додаде Голди.