Erbil Başay
17 Октомври 2016•Ажурирај: 18 Октомври 2016
БЕРЛИН (АА) - Во германскиот град Лудвигсхафен, во еден од погоните на хемиската фабрика „БАСФ“ се случила експлозија во која има голем број повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопшението што го даде компанијата „БАСФ“ се вели дека експлозијата се случила за време на работата на доводот за гас и дека по експлозијата настанал пожар.
Во соопштението се наведува дека во несреќата има голем број повредени, а неколку лица се водат за исчезнати.
Општината Лудвигсхафен излезе со соопштение во кое се вели дека на местото на настанот работат спасувачки екипи за пронаоѓање на затрупаните, додека противпожарните екипи се обидуваат да го запрат проширувањето на огнот кон останатите погони.
До жителите што живеат во околината на фабриката испратен е апел да ги затворат вратите и прозорците на своите домови.