Ömer Aydın
17 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
ПАРИЗ (АА) – Избувна пожар во центарот за засолнување бездомници, кој требаше да биде отворен овие денови, во 16. област во елитниот дел на Париз. Се пренесува дека пожарот бил подметнат и дека отворањето на центарот може да биде одложено, јавува Anadolu Agency (AA).
Од полициски извори во Париз се дознава дека вечерта било фрлено запаливо средство слично на молотов коктел кон надворешниот дел на една од четирите згради, при што зградата претрпела материјална штета. Надлежните органи изјавија дека е можно да се одложи планираното отворање на центарот за ноември.
Ерик Плиез, претседател на здружението „Ауроре“ коешто е одговорно за управување на центарот, во својата изјава рече: „Се случи еден варварски чин, кој може да биде причина за лоши резултати“. Плиез уште рече дека поради претрпената материјана штета, можно е да се одложи отворањето на центарот, кое било планирано за две недели.
Во март, на еден состанок организиран од страна на општината на 16. област, се случија остри расправи на оваа тема.
Овој случај е сличен со актуелната тема во Франција во врска со распределувањето на бегалците од Кале низ целата држава. Досега, во повеќе градови беа физички нападнати бегалци или беа запалени нивните засолништа. Минатиот месец избувна пожар во засолништето Форж ле Бен во близина на Париз, а во западна Франција, во Арес, тоа се случи минатата недела.