Amina Zorniç
13 Март 2016•Ажурирај: 15 Март 2016
ЕРБИЛ (АА) - Градската депонија која се наоѓа на периферијата на ирачкиот град Ербил е извор на заработка за неколку стотици локални жители, пишува Anadolu Agency (AA).
Фоторепортерот на Anadolu Agency (АА) на ова место полно со ѓубре сними тажни сцени од луѓето кои се борат за опстанок.
Откако комуналните возила ќе ја завршат својата работа и повтрно ќе тргнат кон градот, млади момчиња, жени и деца доаѓаат до депонијата, трагајќи секој по својот „плен”
Додека децата собираат пластични шишиња, капачиња и картони, младите носат железни шипки, огради, гуми и сè она што може да се искористи во подоцнежната продажба.
Некои од нив, помеѓу кесите бараат само парче храна за да преживеат.