Aldıjana Hadzıc
13 Март 2016•Ажурирај: 14 Март 2016
МОСКВА (АА) - Ширум Русија привршува одбележувањето на Масленица, стар празник со кој се испраќа зимата и се дочекува пролетта, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за најмасовниот фестивал во Русија, кој трае седум дена, а на кој се гори големо страшило од слама и се организираат голем број на забави и карневали.
Централната прослава ќе се одржи во Москва, а се проценува дека над два милиони граѓани на Москва и 500.000 туристи ќе учествуваат во интересните натпревари и народните веселби. Традиционалните носии, песните, ората и храната ги привлекоа домашните и странските туристи од сите возрасти.
Масленица е повеќевековна традиција на Русите и претставува омилен и највесел празник во современа Русија.
Mасленица или неделите на Јариловите палачинки е повеќевековна традиција на Русите и е омилен и највесел празник и во современа Русија. Потекнува од паганската култура а Црквата го вклучила празникот во календарот како Сиропусна недела која им претходи на Великиот пост.
Според православните обичаи, во текот на оваа недела не се јаде месо, но во исхраната се користат млечни производи. Традицијата на правење палачинки, ритуалниот оброк кој го симболизира сонцето, постоел уште од паганските времиња, кога богот на сонцето Јарило, бил повикан да ја протера зимата.
Mасленица е весел празник, полн со игри, танцување, пеење. Овој древен празник до сега ги има задржано архаичните карактеристики кои имаат магична смисла за тоа дека ќе се врати верувањето на предците.