Seyhan Kırıcı
13 Март 2016•Ажурирај: 15 Март 2016
БАЛИКЕСИР (АА) - Пензионер од Баликесир, град во северозападниот дел на Турција, кој сонувал дека видел каде се наоѓа големо количество злато, со кое би можело да се натоварат 40 камили, ги добил потребните дозволи и започнал со ископувањето, јавува Anadolu Agency (AA).
Пензионираниот работник Халим Мавиш е убеден дека златото коешто го сонувал е закопано во близина на рекичката Симав, која тече низ Баликесир во Турција, цврсто верувајќи во сонот, ја започнал потребната процедура со цел да ги добие потребните дозволи за ископување.
Мавиш го поддржале и нуркачите, а ископувањата го привлекуваат вниманието на голем број граѓани кои доаѓаат да го посетат местото на брегот од реката.
Пензионерот за АА рече дека на сон му е кажано каде се наоѓа богатството и дека има голема надеж во исхдот.
Тој, како што рече, верува дека тука дошле 40 камили натоварени со злато а се вратиле празни, што значи дека златото се наоѓа тука.