Ivana Ramadanova
12 Март 2016•Ажурирај: 13 Март 2016
СКОПЈЕ (АА)- Стартуваше шестиот по ред "Саем за венчавки", кој традиционално секоја година се организира во месец март во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова e eдинствениот македонски саем кој овозможува идните младоженци на исто место да најдат се што им е потребно за да си го остварат својот сон околу. Според организаторите, изложувачите кои се сместени во двете хали во хотел Александар Палас, ќе имаат можност да ја презентираат својата нова програма, која се однесува на различни аспекти во организацијата на свадбената свеченост.
Ќе можат да се погледнат новите линии на венчални фустани, машки костуми, фотографи, декоратери, накит и торти. Во рамките на настанот се организирани и модни ревии на повеќе модни ателјеа.
"На овогодинешниот шести по ред Сам за венчавки, има 40 изложувачи што е добра бројка и добар избор за сите посетители кои доаѓаат да си одберат она што им е потребно. Што се однесува до модните кретаори кои што се претставуваа на свеченото отворање каде венчаници носеа наши познати јавни личности, се 12 модни кретаори, а тука се Елена Лука, Атеље Форевер, Атеље Дива, Мила Кадриу, Елизабет Дизајн, Деа Споса, Нена Конели, Атеље Пепика, Атеље Лебед, Драма Бридал. Матра Бридал, како и машки костуми од Тивес и Сињори", изјави Ивана Илиевска.
Според Илиеевска, посетеноста е многу добра, бидејќи од почетокот саемот па се до денес, бројот на посетители расте, што значи дека овој саем е усшен и го задоволува сечиј вкус на посетителот. Влезницата за саемот е 60 денари, а се купува на самото место и е воедно ваучер кој ќе им овозможи попуст во текот на целата година кај овогодинешните излагачи. Саемот за посетителите е отворен до утре до 21 часот.