Melda Altakhan
24 Март 2016•Ажурирај: 25 Март 2016
ЊУЈОРК (АА) - На меѓународниот саем на автомобили во Њујорк, кој ќе трае до 3-ти април, ќе бидат претставени нови модели на автобомили на над 40 светски производители, јавува Anadolu Agency (AA).
Саемот за прв пат се одржа во 1900 година на Медисон Сквер Гарден и оттогаш до денес посетителите секоја година можеа да ги погледнат најновите модели на автомобили. Саемот оваа година се одржува во Саемскиот центар Јавитс на Менхетен, а првиот ден беше резервиран за претставниците на медиумите.
Меѓу изложените автомобили се најновите модели на Мерцедес-Бенц, БМВ, Генерал Моторс, Форд, Крајслер, Шевролет како и јапонски, корејски и британски марки.
Организаторите најавија дека саемот ќе го посетат милион луѓе.