Aldıjana Hadzıc
27 Март 2016•Ажурирај: 28 Март 2016
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Во Лос Анџелес денес се затвора тридневниот саем на стрипови и цртани јунаци на WonderCon, јавува Anadolu Agency (AA).
Саемот е отворен од 25-ти март, а заљубениците во стрипови, филмови, видеоигри, телевизиски програми, играчки и многу други видови на забава, на саемот можеа да ги забележат своите најомилени јунаци.
Маскирани и нашминкани ликови од играните и цртани филмови додатно го освежија саемот кој се одбележува веќе 30 години.

На Саемот можеа да се видат Бетмен, Супер Марио, Џокер како и многу други ликови.
Бројот на посетителите се зголемува секоја година, така во 2009 година на саемот присутвуваа над 30.000 посетители, две години подоцна, во 2011 година 39.000 а во 2014 година дури над 60.000 посетители.