Amina Zorniç
07 Февруари 2016•Ажурирај: 09 Февруари 2016
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Илјадници гурмани го посетија Лос Анџелес за да присуствуваат на вториот по ред саем на колачи и слатки, што претставува најголем „ревија на слатки” од ваков вид во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
За потребите на овој дводневен саем, професионални и аматерски слаткари ги изложија своите најдобро украсени благи продукти, од ситни колачи до вкусни торти покриени со чоколадо и крцкава кора полнети со крем.
Најдобро украсените и највкусните колачи ќе бидат оценувани од страна на најпознатите светски звезди на слаткарството и како и од членови на Светската асоцијација на мастер-шефови кои ќе го изберат најдобриот слаткар на саемот.
На настанот кој истовремено е и „празник за очи”, во текот на денот ќе бидат организирани работилници за раководителите од сите возрасти на кои ќе бидат презентирани „тајните” на печење и украсување торти.