Ivana Ramadanova
25 Мај 2016•Ажурирај: 26 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Скопски саем од денес па сè до 28-ми мај ќе биде домаќин на четвртото издание на Саемот за транспорт и товарни возила, јавува Anadolu Agency (AA).
На изложбената површина во Скопјe на површина од 2.500 метри квадратни се претставени импортери на товарни и комерцијални возила, компании кои вршат услужни дејности и компании од пратечката индустрија за товарните возила.
Деловните посетители и граѓаните ќе може да видат брендови на импортери на товарни возила од светска класа, со влекачи, камиони, но и приклучни возила, односно приколки и полуприколки, како и доставни возила.
Преку овластени застапници на Саемот ќе се претстават Шмиц Каргобул, Мерцедес бенз, Ивеко, ДАФ, Когел, Крон, Волво, Сканиа, Грејт вол, Мотоцентар.
Партнер на манифестацијата ќе биде транспортната асоцијација СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ. Работното време на саемот ќе биде од 10 до 18 часот, а влезот за посета е бесплатен.