Selçuk Acar
06 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
ЊУЈОРК (АА) - Во Њујорк вчера се отвори еден од најголемите уметнички саеми во тој град, јавува Anadolu Agency (AA).
Саемот се одржува на островот Рандалс. На саемот претставени се над 200 галерии од 31 земја.
Посебно внимание привлече прототипот на автомобил со зелена боја наречен "Kar-a- Sutra", од авторката Анти Хамилтон.
На посетителите им беше интересен и животот на магаре кој беше изложен на саемот. Уметникот Маурицио Кaтелан наиде на критики од страна на љубителите на животни. Сепак, уште од првиот ден на саемот се формираше ред на заинтересирани за да го видат животното.
Меѓу многубројните уметници се истакнува и поранешниот затвореник Ибрахим ел Салахи (86), еден од најзначајните претставници на арапскиот и африкански модернизам.
На свечената церемонија присуствуваа и голем број на јавни личности, меѓу кој се наоѓаше и глумецот Леонардо Ди Каприо.
За време на саемот "Frieze New York", кој ќе трае до 8-ми мај, ширум градот ќе се одржуваат различни изложби и слични манифестации.