Salih Baran,Hakan Mehmet Şahin,Cihan Demirci
06 Мај 2016•Ажурирај: 07 Мај 2016
ЕДРИНЕ/АНТАЛИЈА (AA) - Десетици Роми се собраа на брегот на реката Тунџа во Едрине, во турскиот град недалеку од границата со Бугарија, каде со песни и игри го прославија Ѓурѓовден, јавува Anadolu Agency (AA).
Одбележување на празникот започна вчера со палење на ватрата, после што Ромите пред утро тргнаа кон бреговите на реката.
Ромите ширум светот денес го одбележуваат својот најголем културно-верски празник Ѓурѓовден.
Ѓурѓовден означува прекинување на зимување и доаѓање на пролетта. Како традиционално номадски народ, Ромите со овој празник одбележување на покренување на нивната черга и повторно поаѓале на пат.
Во изворска вода се потопуваат јајца, цвеќе, гранки од млада врба кои служат за утринско бањање и измивање. Се верува дека со овој чин се отфрлуваат негативностите кои се случиле во изминатата година. По обредното бањање следува посебно свечано облекување, се става накит, се сви ромска музика и се игра ромско оро.
Покрај Ромите на одбележување на Ѓурговден присуствуваа и многубројни туристи, кои им се придружија во прославата.
Стотици присутни врзуваа машни на дрвото на желбите, а свеќите од желби ги оставија во река.
На сличен начин Ѓурѓовден го одбележија Ромите и туристите во градот Анталија. Тие желбите ги напишаа на хартија и ги пуштија во морето.
Туристите кои сакаа да бидат дел од овој празник пред утро дојдоа на брегот. Присутните кои на хартија ги напишаа желбите, молеа за здравје, работа, пари и љубов.
Потоа рано наутро се собраа и заедно доручкуваа на брегот.
Една од присутните беше и Памук Гејгел која рече дека има многу желби и дека верува дека сите ќе бидат остварени.