Oktay Özden,Ekip
06 Мај 2017•Ажурирај: 07 Мај 2017
ЕДРИНЕ/АНТАЛИЈА (AA) – Голем број Роми се собраа на брегот на реката Тунџа во Едрине, турскиот град недалеку од границата со Бугарија, каде со песна и игри го одбележуваат Ѓурговден, јавува Anadolu Agency (AA).
Одбележувањето на празникот започна вчера со палење на оган, после што Ромите рано наутро тргнаа кон бреговите на реката. Ромите ширум светот денеска го одбележуваат својот најголем културно-верски празник Ѓурѓовден.
Ѓурѓовден го означува прекинувањето на зимувањето и прославувањето на доаѓањето на пролетта. Како традиционално номадски народ, Ромите со овој празник го одбележувале покренувањето на својата черга и повторно поаѓале на пат.
Во изворската вода се потопуваат јајца, цвеќе, гранки од врба кои служаат за утринско капење. Се верува дека со овој чин се отфрлуваат негативности кои се случиле во изниматата година. По обредното бањање следи посебно свечано облекување, се става накит, се свири ромска музика и се игра ромско оро. Покрај Ромите, на одбележувањето на Ѓурѓовден присуствуваа и многубројни туристи, кои им се придружија во прославувањето на празникот.
Градоначалникот на општината Едрине Реџеп Гуркан во рекатата Тунџа фрли цвет со порака на која пишуваше: „Мир, здравје, благосостојба, братство",
Одбележувањето на празникот со пригодни активности ќе трае до вечерните саати.
На сличен начин Ѓурѓовден го одбележија Ромите и туристите во градот Анталија. Тие ги напишаа желбите на парче хартија и ги пуштија во море. Како и секој 6. мај, сите оние кои сакаа да бидат дел од овој празник, вклучувајќи ги и туристите, пред разденување дојдоа на брегот Конјаалти. Присутните кои на хартија ги напишаа своите желби, се молеа за здравје, работа, пари и љубов. После тоа во раните утрински часови се собраа и заедно појадуваа на брегот.
Една од присутните беше и Медине Озпинар која рече дека ги напшале желбите и ги оставиле на хартија.
„Сакавме децата да го доживеат ова. Заедно ги пуштивме нашите желби во море и се помоливме", рече Озпинар, која го честаше празникот на сите кои го одбележуваат во надеж дека молитвите ќе бидат примени и дека секого го очекуваат подобри денови.