Gökhan Kurtaran
04 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
ЛОНДОН (АА) - Светски познатата британска пејачка Адел, со богатство од 125 милиони фунти е најбогатата жена музичарка во Велика Британија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според листата на богаташи објавена во британскиот весник „Sunday Times“ (Сандеј тајмс), 29-годишната британска пејачка, Адел Лори Блу Адкинс, во последнава година го зголемила своето богатство за 40 милиони фунти, и во моментов тоа изнесува 125 милиони фунти.
На листата на најбогати британски музичари, Адел се наоѓа на 19. место и во моментов е најбогатата жена музичар на британскиот остров.
Најбогат музичар во Велика Британија е музичката легенда, член на Битлси, Пол Макартни. Богатството на Макартни заедно со неговата сопруга во последната година дена е зголемено за 20 милини фунти, и денес изнесува 780 милиони фунти.
Британскиот музичар и композитор Ендру Лојд Вебер е на втората позиција, со 740 милиони фунти, додека светски познатата музичка група U2 (У2) е на третата позиција со 548 милиони фунти.
Музичката група U2 ја следи пејачот и виртуозот на пиjано, Елтон Џон со 290 милиони фунти. Легендарниот солист на групата Ролинг стонс, Мик Џегер (73) се наоѓа на петтата позиција со 250 милиони фунти.
Листа на најбогати 20 музичари во Велика Британијa.