Burak Bir
29 Март 2023•Ажурирај: 30 Март 2023
ЛОНДОН (АА) - Хамза Јусаф положи заклетва како шести премиер на Шкотска, јавува Анадолу.
37-годишниот Јусаф официјално положи заклетва за време на церемонија во Единбург.
Јусаф, кој ја замени Никола Старџен на чело на Шкотската национална партија (СНП), е прв муслиман што предводи голема партија во Обединетото Кралство и прв лидер од етничките заедници на делегираната Влада во Обединетото Кралство.
Во вторникот тој беше избран за премиер од пратениците во шкотскиот Парламент.
Јусаф, кој во 2005 година ѝ се придружи на СНП, беше и прв јужноазиски и прв владин секретар муслиман што служеше во шкотската Влада.
Во мај 2011 година тој беше избран за пратеник во шкотскиот Парламент за регионот Глазгов на 26-годишна возраст, станувајќи најмлад пратеник во шкотскиот Парламент во тоа време.