Filiz Kınık Öz
29 Март 2023•Ажурирај: 31 Март 2023
ИСТАНБУЛ (АА) – ТРТ Африка, новиот канал за дигитални вести на турскиот национален сервис ТРТ, ќе започне со работа оваа недела, јавува Анадолу.
ТРТ Африка, кој ќе биде активен во десетици африкански земји, од Гамбија до Мароко, ќе презентира содржини на англиски, француски, свахили и хауса јазикот, со цел на целиот свет да му ја прикаже вистинската слика на континентот.
ТРТ Африка ќе започне со работа по промотивната програма на првиот Самит на радиодифузија.
Настанот, кој годинава првпат ќе го организираат ТРТ и Африканската радиодифузна унија, ќе се одржи во Истанбул утре и задутре (четврток и петок).
Претставници на Африканската радиодифузна унија ќе учествуваат на Самитот на тема „Кон одржлива иднина: Преобликување на јавниот радиодифузен сервис“.
На првиот ден од Самитот, ТРТ ќе организира обука за африканските новинари. На програмата ќе присуствуваат 23 новинари од 16 африкански држави.
Тие ќе разговараат за прашања како што се промената на медиумскиот пејзаж за време на пандемијата на коронавирусот, придонесот на технологијата во обликувањето на трансформацијата на новинарството и алатките што ќе се користат против западниот етноцентричен пристап.