Dzihat Aliju
30 Септември 2016•Ажурирај: 01 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Генералниот директор на Турската радио телевизија (ТРТ), Шенол Ѓока, во рамките на воспоставувањето контакти во Македонија, на средбата на балканските медиуми, даде брифинг за работата на ТРТ и за обидот за државен удар во Турција, на 15 јули, од страна на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
На брифингот, кој се одржа во Скопје, Ѓока на претставниците од балканските медиуми им се заблагодари за учеството.
Генералниот директор на ТРТ, Ѓока, изјави дека основна цел на престојот во Македонија е формирањето цврсти врски на соработка со балканските земји.
Генералниот директор на ТРТ, Ѓока, изјави дека Турција надминала голем обид за државен удар: „Можам да почуствувам дека храброста што ја покажа Република Турција ја имаат и другите држави од овие простори, херојски да легнат пред тенковите, бидејќи ние на овие простори имаме слична мешовита култура. Особено македонскиот, босанскиот, албанскиот народ, Черкезите и сите етнички групи или народи кои живеат на овие простори, и покрај сѐ, имаме историски врски кои го зацврстуваат заедничкиот соживот благодарение на еден вид заедничка култура“.
Во врска со настаните од 15 јули и покажаната борбеност на турскиот народ, генералниот директор на ТРТ, Ѓока, истакна дека и народите од Балканот на ист начин ги исполнија своите плоштади и дадоа поддршка за Турција.
„Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, покрај неговата улога на политичка личност и национален претставник, ја поседува културната моќ со која како да ги претставува сите овие простори. Затоа денеска него не го гледаме само како една политичка личност, како еден лидер, туку повеќе како човек што го претставува сиот овој простор, сета оваа култура. Знаеме дека и тука така го гледаат. Знаеме дека можеби вечерта на 15 јули и утрото секој не ја виде борбата за демократија. Народите од овие простори тоа го виделе со своето срце и на ист начин како и ние го покажаа својот отпор кон обидот за државен удар во Турција“.
По ова, доколку се преземат мерки, повеќе никој нема да се обиде такво нешто.
Генералниот директор на ТРТ, Ѓока, ги информираше претставниците на медиумите во врска со каналите на ТРТ и ги повика гостите на програмата за обука, која ќе биде организирана во Анталија.
Во рамките на брифингот, на учесниците им беше поделена книгата „Од минута во минута, обидот за државен удар на ФЕТО“, во издание на Anadolu Agency (АА).
Во рамките на средбите во Скопје, генералниот директор на ТРТ, Ѓока го придружуваа уредникот на радиопрограмата на ТРТ и заменик-уредник на музичката редакција Амбер Туркмен, уредникот за надворешни односи на ТРТ, Чаглан Танкур Јорумез, уредникот на редакцијата за надворешни изданија Сулејман Ердал, уредникот на телевизијата ТРТ, Тунџај Јурекли, уредникот за обука во ТРТ, Аднан Ариканли, заменик-уредникот за вести и спортски изданија, Кудрет Догандемир, директорот на радиопрограмата на ТРТ Анкара Мурат Алтункајнак и претставникот на ТРТ од Скопје Беким Муфтаревиќ.