Мостот „Елен Скок“ чека да биде откриен од посетителите
Историскиот мост „Елен Скок“, кој се наоѓа во селото Могорче, дебарско, чека да биде откриен од посетителите. Мостот кој се наоѓа на Мала Река, му пркоси на времето уште од неговата изградба

ДЕБАР (АА) - ЏИХАД АЛИУ -
Историскиот мост „Елен Скок“, кој се наоѓа во селото Могорче, дебарско, чека да биде откриен од посетителите. Мостот кој се наоѓа на Мала Река, му пркоси на времето уште од неговата изградба, пишува Anadolu Agency (AA).
Се тврди дека мостот со еден лак е изграден во средината на 18 век, или е изграден од Мимар Хајредин, кој, исто така е архитект и на Стариот мост во Мостар, а бил ученик на познатиот турски архитект Мимар Синан.
Мостот „Елен Скок“ овозможува посетителите да се чувствуваат како да се во регионот на Црното Море во Турција со планините, патиштата, водопадите и реките.
Мостот наликува на Стариот мост во Мостар, кој претставува еден од најретките примери на османлиската архитектура во регионот.
За мостот нема точни податоци околу датумот на изградба и неговата форма, додека постојат бројни легенди околу тоа.
Според една легенда, некој локален бег од тоа време, се соочил со многу убав и фасцинантен елен додека ловел. Бегот постојано трчал по еленот кој цело време бегал. Кога ранетиот елен се нашол на брегот на Мала Река, не двоумејќи се, скокнал на другиот крај на реката и таму починал. Восхитен од неговата храброст, бегот наредил во негова чест да се изгради мост, што ќе го симболизира тој неговиот судбоносен скок.
- „Рај на светот“ -
Мостот за кој се раскажани слични легенди, претставува атракција во регионот со неговиот прекрасен изглед.
Од друга страна, регионот е познат по градежни мајстори, чија слава доспеа и во странство.
Мостот се наоѓа на 120 километри од Скопје, меѓу Маврово и селото Коџаџик.
Иако во некои периоди се реализирани различни настани за промовирање и зголемување на бројот на посетителите, мостот сѐ уште не го добил заслужениот интерес и слава.
Локалните жители ова историско дело го нарекуваат како „рај на светот“, и велат дека ова место често го посетуваат за да поминат пријатни мигови.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.