СКОПЈЕ (АА) - ЏУНЕЈТ ДАВУТ - Генералниот директор на турската државна радио-телевизија (ТРТ) Шенол Ѓока, во интервју за Anadolu Agency (AA) говореше за настаните од ноќта на 15 јули, односно за обидот за државен удар во Турција, кога пучистите ја зазедоа зградата на ТРТ.
Генералниот директор на Турската радио-телевизија (ТРТ), Шенол Ѓока, истакна дека се одржуваат средби со цел за формирање заедничко разбирање и платформа со државните и приватните институции од регионот на Балканот.
„Се состануваме со медиумите со кои имаме такви односи со цел да се пренесе и да се дознае вистината за настаните од 15 јули“.
Ѓока, кој беше во посета на Скопје, имаше средби со претставниците на балканските медиуми, со кои се состана со цел за да дискутираат за обидот за државен удар на 15 јули, а во врска формирањето цврсти врски со соработката меѓу медиумските институции од балканските земји. Ѓока нагласи дека една од овие средби се реализираше во Македонија и во врска со целта на посетата во Скопје рече:
„Ги разгледуваме можностите за обезбедување заедничко дејствување и координација. Сега се состануваме со медиумските организации со кои имаме такви односи со цел да се пренесе и да се дознае вистината за настаните од 15 јули, но и за напредокот на турската демократија. Поради тоа сме тука“.
Ѓока потенцираше дека во Турција се сретнале со претставниците на странските медиуми. Тој рече дека детално им било раскажано за случувањата од 15 јули на тие што дошле со искрени намери, а пак реагирале кон тие што дошле со манипулативни намери.
„Особено морам да посочам дека навистина има такви што со искрени намери доаѓаат кај нас во Турција за да дознаат за случувањата, а има и такви што доаѓаат со цел преку медиумите да прикажат поинаква стварност и да манипулираат. Тоа се гледа уште во првите нивни прашања“, рече Ѓока кој додаде дека некогаш на неочекуван начин се сочуваат со различни прашања коишто се показател за различни цели.
„Им рековме дека ТРТ е членка на Европската радиодифузна унија и на Азиско-пацифичката радиодифузна унија. Првично изразете сочувство, од Вас не очекуваме ништо, ниту посебна поддршка. И покрај тоа што сме дел од иста платформа, од вас не очекуваме да ни дадете посебна поддршка. Се откажавме од тоа, затоа што знаеме дека тоа нема да го направите. Но очекувавме барем да дојдат до нас и да ја изразат својата солидарност за една нивна членка којашто се обидоа да ја замолчат, која претрпе и доживеа државен удар“, раскажа Ѓока, говорејќи во врска со начинот на изразување на нивните реакции.
Исто така, тој истакна дека како што Anadolu Agency подготви книга што го прикажува обидот за државен удар, и ТРТ подготвува фотографии и видеоснимки во врска со обидот за државен удар коишто ќе бидат претставени на Асамблејата што ќе се одржи во Индонезија, од 16-22 октомври.
Ѓока истакна дека ТРТ би реагирала при напаѓањето на која било медиумска организација, без да чека дозвола или право од некој, и ова би го направиле само поради тоа што се дел од една иста професија, без разлика на светогледот, погледот кон животот, без разлика на државната идеологија.
„И покрај тоа што поминаа денови и месеци, не реагиравте, не дадовте соопштение со поддршка или објаснување, туку напротив, месеци подоцна доаѓате и прашувате сосема различни нешта“, рече Ѓока говорејќи за медиумите кои останаа неми на обидот за државен удар на 15 јули. Ѓока истакна дека таа ноќ, ТРТ била првичната цел на пучистите.
„Исто како и Собранието, ТРТ беше една од точките којашто имаше големо значење затоа што од таму беше дадено известувањето за државен удар. Окупирањето на ТРТ имаше значително влијание, и од нивен аспект и од аспект на сите граѓани, како и од аспект на сите што ја следат Турција од странство“, рече тој.
Ѓока потсети дека првично на мобилниот телефон почнале да му пристигнуваат фотографии од преносот во живо. На почетокот не знаеле со што се соочуваат и му било пренесено дека може да се работи за напад на ДАЕШ. „Во продолжение, на Твитер почнаа да излегуваат информации за државниот удар“, рече Ѓока и продолжи да раскажува за случувањата:
„Престанавме со директниот пренос во 22:30 часот. Помисливме, ако ова е државен удар, тие сигурно ќе дојдат во телевизијата, и затоа рековме да одиме во Генералниот директорат. А пак кога отидовме, многу кратко време потоа дојдоа војниците, или поточно дојдоа терористи кои беа облечени како војници. Потоа нашата цел беше да го попречиме преносот, односно да се обидеме да го попречиме емитувањето на соопштението за државен удар. За чудо, сѐ беше недостапно. Значи немаше пристап до кое било место ниту во Истанбул, ниту во Анкара, немаше пристап ниту до сателитскиот центар, а главната команда беше земена под контрола. И покрај сите наши напори, соопштението беше прочитано. Навистина многу се загрижив поради тоа што не можев да го спречам емитувањето. Но, како што во секое зло има и нешто добро, по читањето на тоа соопштение, на сето тоа му се смени ‘бојата.’ Граѓаните почувствуваа дека има нешто, но не знаеја што ќе се случува. По соопштението, народот почна да излегува и да доаѓа пред ТРТ. Со мотивирачкиот повик на претседателот, граѓаните видоа дека едно од местата каде што ќе одат е и ТРТ".
Ѓока раскажа дека во ТРТ немале информации за тоа што се случува на другите места, и дека преку мобилниот телефон се обидел да дознае за развојот на настаните и да се поврзе со другите телевизиски канали. Тој истакна дека го направил сѐ што можело да се направи и дека сакале местото да го вратат назад под контрола.
„За околу 1 и пол или 2 часа, успеавме да влеземе внатре од предната врата на ТРТ. Во последната половина од тие два часа имавме психолошка предност, затоа што војниците полека почнаа да сфаќаат дека ова нема да им успее и нашиот ентузијазам почна да се зголемува. Така, во земјата којашто досега преживеала неколку државни удари, се врати демократијата. ТРТ, пак, стана симбол на демократијата“.
- Наскоро, на екраните на ТРТ документарен филм за случувањата на 15 јули -
Ѓока истакна дека во рамките на ТРТ се подготвува документарец во врска со обидот за државен удар на 15 јули.
„Почнувајќи од нашите граѓани, заедно со сите актери подготвуваме детален документарен филм. Сега собираме документи за овој документарен филм да биде подготвен детално. Собираме материјали од мобилните телофони од граѓаните, видеоснимки и документи“. Тој рече дека документарниот филм ќе се состои од неколку делови и наскоро ќе биде прикажан на ТРТ.
- „Медиумите зазедоа став којшто може да претставува пример за целиот свет“
Ѓока истакна дека медиумите положиле голем испит во врска со обидот за државен удар и дека ова е од особено значење.
„Медиумите положија голем испит од аспект на одбраната на демократијата и на демократските институции и зазедоа став којшто може да претставува пример за целиот свет“. Тој нагласи дека една од најголемите надежи на пучистите била дека во текот на читањето на соопштението за државен удар ќе се приклучат нивните приврзаници или сите тие што на некој начин позитивно гледаат на државниот удар и дека граѓаните на некој начин ќе се повлечат во своите домови. „Но сите медиуми, како да се договарале меѓусебно, брзо реагираа заеднички и навистина ова е за почитување“, истакна Ѓока во интервјуто за Anadolu Agency (AA).
news_share_descriptionsubscription_contact
