Faruk Zorlu
05 Април 2022•Ажурирај: 06 Април 2022
АНКАРА (АА) - Турската радио-телевизија (ТРТ) започна со емитување вести на својата нова платформа на француски јазик наречена „TRT Francais“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
ТРТ соопшти дека новата медиумска платформа е дел од плановите на ТРТ да се прошири на глобално ниво.
„TRT Francais“ има за цел да се фокусира на вести и анализи на политиката, културата, бизнисот и начинот на живот.
„Најновото дополнување на организацијата е уште еден 'значаен чекор' кон зајакнување на нејзиното емитување на странски јазик“, изјави Мехмет Захид Собаџи, генералниот директор на ТРТ.
„Ќе продолжиме да ја одржуваме нашата глобална публика во срцето на нашето раскажување приказни и ќе се погрижиме да ви ги донесеме најбалансираните вести. Како јавен радиодифузер, ќе продолжиме да ги зајакнуваме луѓето со веродостојни информации и инспиративна содржина и ќе им помагаме“, додаде Собаџи.
Со своите најнови вести, колумни со мислења, содржини и видеа, платформата за вести на „TRT Francais“ ќе допре до публиката што зборува француски низ целиот свет со тоа што ќе донесе фер и транспарентно новинарство.
Нејзината онлајн содржина ќе се објавува на мрежи како Јутуб, Фејсбук, Твитер и Инстаграм.
„Ние не бараме бројки. Ние сме заинтересирани да ја изнесеме вистината и едноставно се стремиме да им служиме на 76 милиони говорители на мајчин француски јазик и на 274 милиони кои течно говорат француски јазик низ светот“, рече Омер Фарук Танриверди, заменик-генерален директор на ТРТ.
Организацијата со седиште во Анкара веќе одржува четири различни меѓународни канали, вклучувајќи ги „TRT World“, „TRT Arabic“, „TRT Russian“ и „TRT Deutsch“.