АНКАРА
Агенција Анадолија (AA) по инструкции на Гази Мустафа Кемал Ататурк e основана на 6 април 1920 година, 17 дена пред отворањето на Големото народно собрание на Турција, со цел да се информира нацијата за провокациите кои би го загрозиле националното единство за време на Војната за независност, и да се информира јавноста за одлуките што се носат при националната борба за независност.
Агенција Анадолија, која ги информираше земјата и светот за почетокот на Националната борба за независност, има посебно место во историјата на Републиката.
Основањето на Агенција Анадолија се случи во тешки времиња кои може да се наречат „пресвртница на националната борба“.
Јусуф Нади (Абалиоглу) и Халиде Едип (Адивар), угледни интелектуалци кои го напуштија Истанбул по официјалната окупација и тргнаа на пат за Анадолија за да се приклучат на националната борба, за време на паузата на станицата „Акхисар“ разговарале за „основање агенција веднаш штом ќе пристигнат во Анкара“.
Како настанало името „Агенција Анадолија (Anadolu Ajansı)“, која стана важен бренд на Турција, се наведува во мемоарите на Јунус Нади.
Во своите мемоари, Јунус Нади го опишува разговорот меѓу него и Халиде Едип, за време на паузата на станицата, на следниот начин:
„31 март 1920 година. Четвртиот ден и третото утро од нашето пристигнување во Гејве. Денеска ќе продолжиме по патот кон Анкара. Групата на госпоѓа Халиде Едип Ханим, која ја чекавме, пристигна во Гејве вечерта. Со г-ѓа Халиде Едип можев да се видам накратко само на паузата во станицата Акхисар.“
Дијалогот со Јунус во којшто Халиде Едип предложила да се формира „новинска агенција“ за да се пренесат информациите од Анадолија и нејзината праведна борба, евидентиран е на следниот начин:
„Најдобро е кога ќе се вратиме да основаме агенција и со тоа ќе информираме внатре и надвор. Тоа е првиот услов, деталите ќе следуваат допрва“, рекол Јунус .
„Секако, со ред можат да се завршат сите работи. Но, според мое мислење, првата работа треба да биде основање агенција. Ајде ако сакате да ја именуваме овде: На пример, Турска агенција, на пример Анкарска агенција, на пример Агенција Анадолија... Може да се најдат повеќе примери“, одговорила Халиде.
„Ми се чини дека Агенцијата Анадолија е најдоброто име“, рекол Јунус Нади
„Се согласувам. Нели, Анадолија е таа што ќе се спаси најпрвин себеси и ако е можно целата татковина. Значи, да донесеме одлука: Агенција Анадолија ...“, рекла Халиде Едип.
„Да, да, г-ѓо, Агенција Анадолија ...“, додал Јунус Нади.
Според зборовите на Јунус Нади, „вечерта на 4 или 5 април“ по вечерата во Земјоделското училиште, кое се користело како штаб, на Мустафа Кемал-паша му е предложено да се формира Агенцијата Анадолија. По овој разговор, со налог на Мустафа Кемал-паша, Агенцијата Анадолија е основана на 6 април 1920 година.
Агенцијата Анадолија стана гласот на националната борба во земјата и надвор од неа.
Мустафа Кемал-паша не само што го објави формирањето на Агенција Анадолија испраќајќи го историскиот указ низ целата земја, туку посочи и на важноста од информирањето на домашната и странската јавност за борбата што ја водат.
Во указот потпишан од Мустафа Кемал-паша во врска со формирањето на Агенција Анадолија се вели:
„Откако османлискиот султански центар, кој е духовно исламско место, е под непријателска окупација, нашата земја и нашиот народ се соочуваат со голема опасност. Во време на националната и света војна во која влегоа цела Румелија и Анадолија, важен услов е муслиманите да се информираат со точни вести од земјата и од светот. Како резултат на тоа основана е институција под името „Агенција Анадолија“ под раководство на специјален одбор составен од овластени лица.“
Мустафа Кемал во указот потенцирал дека ќе се објавуваат не само вести, туку најточни вести и подвлекол дека новинската „Агенција Анадолија“ објавувајќи вести најбрзо, треба да ги следи и универзалните принципи на една агенција.
Тоа беше обврската на брз начин да се доставуваат точни, целосни и објективни информации.
Агенцијата Анадолија, чие основање беше соопштено на целата земја, некое време ги спроведуваше своите активности во една просторија во Школата за земјоделство.
Во своите мемоари, Халиде Едип на петтиот ден од пристигнувањето во Анкара напишала дека „една од тесните и долги простории“ во „Штабот“ била резервирана за неа и дека предметите што се наоѓале во просторијата се состоеле од „полици за документи, столчиња, две маси и стара машина за пишување“.
По Школата за земјоделство, Агенцијата ги продолжува активностите во подрумот на зградата на Учителската школа во Улус. Своите канцеларии ги променува неколку пати, а на крајот се сели во двокатната зграда во Саманпазари.
Внатрешните и надворешните светски вести на АА, од 12 април 1920 година, под наслов „Известување од Агенцијата Анадолија“, беа напишани со машина за пишување којашто Мустафа Кемал ја снабди за Халиде Едип од Османлиската банка.
Агенцијата „Анадолија“, основана под тешки услови на денот, на 12 април 1920 година започна да ги објавува своите први вести. Во првиот билтен била презентирана состојбата во земјата и во тие рамки била претставена целта на основањето на Агенцијата Анадолија. Додека во билтенот е спомената важноста на дистрибуцијата на билтените на Агенцијата Анадолија, истовремено во овие билтени била нагласена потребата од воспоставување мрежа за дистрибуција на агенциските билтени и важноста оваа мрежа да работи редовно. Во првиот билтен биле вклучени вести и од земјата и од странски земји.
Во првиот билтен што го достави Агенцијата се вели:
Од денес со работа почнува „Агенцијата Анадолија“, која е формирана со цел да обезбеди нашите браќа и сестри да можат да ги добиваат најточните вести и информации, во време кога нашиот државен центар е окупиран од непријателот, а Анадолија и Румелија делуваат храбро и одлучно во одбраната и заштитата на правата и одбраната на владеењето на правото (Müdafaa-i Hukuk). Нема потреба да се споменува дека денес објавените вести и информации е неопходно да бидат прочитани од што е можно поголем број луѓе. За таа цел, ќе бидат формирани приватни организации кои секојдневно изработените билтени испишани врз црни плочи ќе ги доставуваат до пред вратите на телеграфските куќи, и по отпечатувањето и објавата, ќе бидат и дистрибуирани во градовите, па дури и во селата. Затоа ве молиме за помош, од љубов кон нашата земја и нација, да ги исполните своите должности. По овој вовед, подолу се најновите информации за денес…“
Во првиот период беше решено вестите од Агенцијата Анадолија да се објавуваат најмалку во два билтени на ден, а исто така беше дадено значење да стигнат до целата земја.
Агенцијата Анадолија, која своето основање се обиде да ѝ го соопшти на целата земја со официјални декларации, имаше за цел со најточните домашни и странски вести да ја информира јавноста за причините, насоката за развој и другите елементи на борбата за национална независност во Анадолија.
Мустафа Кемал-паша одблиску се интересираше за ефикасноста и функционирањето на АА на национално ниво. За таа цел, тој не само што го објави формирањето на АА, направи и разни преписки и предупреди особено за прашањето за испорака на билтените на Агенцијата.
Во указот што го испратил до телеграфскиот центар Анадолија на 18 април 1920 година, Мустафа Кемал-паша вели дека небрежноста при доставувањето на билтените на АА претставува злосторство кон татковината и ги наведува следните зборови:
„Добиваме поплаки дека Агенцијата Анадолија не се проширила на некои места и не е испратена. Во време кога во Анадолија се прекинати врските со надвор, несомнено се претпоставува дека оваа услуга, која се презема со цел да се држат свесни и информирани сите припадници на нацијата, ќе биде прифатена и зајакната од сите наши телеграфи и би сакале да се знае дека секоја небрежност во оваа работа ќе претставува злосторство кон татковината.“
Основањето на АА создаде голема возбуда во Анадолија, која беше љубопитна за случувањата во врска со Војната за независност и Владата на Анкара. По указот на Мустафа Кемал-паша започнаа да доаѓаат телеграми со честитки од целата земја во врска со формирањето на АА во Анкара. Во овие телеграми беше наведено дека тие се подготвени да работат на дистрибуција и испорака на билтените на АА до јавноста.
Беа преземени мерки за тоа информациите на АА редовно да се доставуваат не само до јавноста, туку и до воените единици кои се борат на фронтот. Билтените на Агенцијата Анадолија беа доставени и до печатот во Анадолија, со цел да се развие свеста на луѓето од регионот за угнетувањата, заплашувањата и обидите за окупација на земјите од Антантата.
Од друга страна, лично Мустафа Кемал-паша нареди да се направат напори, вестите на АА за националната борба во голема тајност да се пренесат до јавноста и до народот во окупираниот Истанбул и до весниците што ја поддржуваа борбата за национална независност. Официјалните коминикеа на Владата во Анкара, важните случувања од странство, предупредувањата до јавноста, вестите од Големото национално собрание на Турција и од фронтот и билтените на АА кои содржеа одговори на копнената пропаганда на окупационите сили, пополнија огромна празнина, и може да се каже дека отворија втор фронт во име на националната борба што може да се нарече печатен медиум.
По Јунус Нади и Халиде Едип, вработените во Агенцијата, на кои им се приклучи и Хамдулах Суфи, се зголемија на 10 во првите месеци.
Алаедин Беј беше првата личност што беше назначена за генерален директор на Агенцијата Анадолија.
Алаедин Беј, кој функцијата ја започна на 1 јануари 1926 година, му ја предаде функцијата на Мувафак Менеменџиоглу на 1 февруари 1931 година.
Фаик Х. Хозар, кој стана генерален директор на 19 октомври 1944 година, му ја предаде својата функција на Мувафак Сунал на 1 јуни 1946 година.
Зиха Гевхер Етили служеше како генерален директор во периодот 1948-1951, Саим Нури Урај во периодот 1951-1952, Шериф Арзик 1953-1959, Фирузан Ф. Текил 1959-1960, Џемал Ајген 1960-1961.
Ердоган Улус, кој функцијата ја извршуваше во 1961 година, местото му го препушти на Наил Мутлугил, кој пак, функцијата му ја препушти на Мунир Берк во 1963 година.
Подоцна, по ред, функцијата генерален директор на АА ја извршуваа Атила Онук, Изет Седес, Ајтекин Јилдиз, Џевдет Танјели, Хусаметин Челеби, Бехич Екши, Џејхан Бајтур, Тургај Учоз, Екрем Караисамилоглу, Мехмет Акарџа, Мехмет Ѓулер, Хилми Бенги, Кемал Озтурк, Шенок Казанџи и Сердар Караѓоз.
news_share_descriptionsubscription_contact
