Erdoğan Çağatay Zontur
03 Декември 2019•Ажурирај: 03 Декември 2019
АНКАРА (АА) – Агенција Анадолија (АА) ја објави книгата која раскажува за турските операции против терористичката органзиација ДЕАШ.
Книгата е подготвена од вестите на АА, а ја покрива појавата на ДЕАШ, неговото проширување, егзекуции и глобалните терористички напади.
Исто така, во книгата се укажува на антитерористичките операции на Турција во земјата како и надвор од своите граници за елиминирање на ДЕАШ.

Генералниот директор на АА, Шенол Казанџи, во воведниот збор на книгата напиша дека Турција била мкасимално изложена на заканата на ДЕАШ, имајќи ги Сирија и Ирак како соседи и воена рута на странските терористички борци поставени во нивните територии.
„Турција претставена како пример за муслиманскиот свет од страна на бројни лица, често беше таргетирана од страна на терористичката група, која својата моќ ја добива од експлоатација на (исламската) религија“, нагласи Казанџи.
Тој наведе дека Турција со националните, регионалните и меѓународните чекори кои ги направила, била една од најефективните придонесувачи во борбата против странските терористички борци кои претежно биле поврзани со терористичката организација ДЕАШ.
Откако во 2013 година ДЕАШ ја призна како терористичка организација, Турција повеќе пати беше нападната од страна на терористите, вклучувајќи 10 самоубиствени бомбашки напади, седум бомбашки напади, и четири оружени напади при што смртно настрадаа 315 лица и стотици беа повредени.
Како одговор против овие напади, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство, во чии рамки неутрализираше 3.500 терористи на ДЕАШ и приведе 5.500 од нив.