Fatma Esma Arslan
20 Ноември 2019•Ажурирај: 21 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Амбасадорот на Шри Ланка во Анкара, Мухамед Ризви Хасен, ја посети канцеларијата на Агенција Анадолија (АА) во турскиот главен град Анкара.
Амбасадорот Хасен и неговата делегација остварија средба со претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АА, Шенол Казанџи, и со заменик-генералниот директор и главен уредник на АА, Метин Мутаноглу.
Хасен за време на средбата изрази задоволство поради реализирањето на оваа посета.

Амбасадорот нагласи дека видеоснимките во врска со неговото поднесување на акредитивното писмо минатиот месец до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, било објавено во медиумите во Шри Ланка, и за тоа, рече тој, упатува благодарност до Агенција Анадолија.
На средбата беше разговарано за односите меѓу Турција и Шри Ланка, при што Хасен даде информации за настаните во неговата земја.