Meltem Bulur
26 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Позната е жири-комисијата на "Istanbul Photo Awards 2017" кој по третпат го организира Anadolu Agency (АА).
Како и минатата година, и оваа година жири-комисијата на ова натпреварување е составена од најпрестижни имиња од полето на фотографијата.
Покрај минатогодишните членови на жири-комисијата, директорот на шангајскиот центар за фотографија, добитникот на Пулицеровата награда, фоторепортерот Ли Хеунг Шинг, фоторепортерот и консултант за визуелни медиуми, Жорж де Керле, АФП директорот за дистрибуција на фотографии и развој на бизнисот Мајкл Ското, главниот и одговорен уредник на визуелните вести на АА Ахмет Сел и уредникот на фотографија на АА Фират Јурдакул, оваа година се додадени уште неколку звучни имиња од полето на фотографијата.
За првпат членови на "Istanbul Photo Awards 2017" се фотографот Јури Козирев, кој е дел од фото агенцијата НООР, директорот на фотографија на магазинот "National Geographic" Сара Лин, спортскиот фотограф на "Getty Images", Камерон Спенсер, познатата кураторка за мултимедијални проекти Лиза Фактор.
- Нови членови на жири-комисијата -
Сара Лин, која е член на овогодинешната жири-комисија, по повеќе од 20 години занимавање со фотографија, во 2005 година беше поставена за виш уредник на фотографија во магазинот "National Geographic", каде што денес ја извршува функцијата директор на фотографија. Лин претходно беше дел од жири-комисиите на "Pictures of the Year International" (POYI), "The W. Eugene Smith Grants", "The Getty Images Editorial Grants" и "The World Press Joop Swarts Masterclass".
Фоторпортерот Јури Козирев за време на својата 20-годишната работа за списанието "Time" работеше на различни места во светот. Чеченија, Египет, Бахреин, Либија и Јемен се дел од местата на кои Козирев продолжува да работи. Покрај наградата "World Press", има освоено голем број на награди.
Режисерката на документарни филмови и кураторката Лиза Фактор, беше дел од жири-комисијата на "World Press". Фактор која е добитник на наградата „Howard Chapnich“, се наоѓа меѓу најважните и најиновативните имиња на полето на фотографијата.
Спортскиот фотограф на "Getty Images", австралијанецот Камерон Спенсер, од 2004 година досега како професионалец работи на полето на спортската фотографија и портрет. Спенсер исто така во областа на фотографијата има освоено голем број престижни награди.
- Оваа година во натпреварувањето се додадени нови категории и зголемен е фондот на награди -
Пријавувањето на професионалните фоторепортери на „Istanbul Photo Awards 2017“ започна на 1. ноември 2016 година и ќе трае до 31. јануари 2017 година. Резултатите ќе бидат објавени откако жири-комисијата ќе се состане во месец март и ќе го направи изборот на најдобрите фотографии. Вкупниот фонд на награди за оваа година изнесува 133.000 долари.
„Туркиш ерлајнс“ е официјалниот спорнзор на ова натпреварување, а своја поддршка даваат владиниот фонд на Турција за промоција и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). Од оваа година на натпреварот за најдобра фотографија „Istanbul Photo Awards 2017“ додадени се категориите: единечна фотографија за природа и животна средина, фото-приказна за природа и животна средина, единечен портрет и категоријата групен портрет. Со овие нови четири категории натпреварот ги збогати катергориите од 4 на 8 категории.
Од оваа година се воведува и наградата за фоторепортери под 28 години. Со наградата „Млад фотограф“, се планира да им се даде поддршка на младите и надарени лица на полето на фоторепортерството.
Пријавувањето за "Istanbul Photo Awards 2017“ се врши преку веб-страницата www.istanbulphotoawards.com. Наградените фотографии од натпреварувањето ќе бидат дел од изложбата која секоја година се прикажува во значајни центри низ светот.