ИСТАНБУЛ (АА) - Ахмед Гарабли е победник на овогодишниот престижен меѓународен натпревар „Istanbul Photo Awards“, кој петта година по ред го организира Anadolu Agency (AA).
Стручното жири за најдобра фотографија ја избра фотографијата „Конфликт Израел - САД - Палестина“, на фоторепортерот на француската новинска агенција АФП (AFP), Ахмед Гарабли.
Жирито заседаваше во периодот од 19 до 23 април и избираше победнички фотографии во категориите „Вести“ и „Спорт“. Во двете категории се наградени поединечни фотографии и серија фотографии.
Спонзори на натпреварот беа Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА) и „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines THY).
Гарабли фотографијата во категоријата „Вести“ ја направи во Ерусалим, а станува збор за фотографија на која се гледа како Палестинка со мобилен телефон фотографира израелски војник додека тој се обидува да направи „селфи“.
Во конкуренција на серијата фотографии во категоријата „Вести“ наградени се фотографиите кои под наслов „Илјадници централноамерикански мигранти“ ги направи фоторепортерот на АФП, Гиљермо Ариас.
Наградената серија фотографии го прикажува повеќемесечниот пат на мигрантите кои од Централна Америка се обидуваат пеш да преминат во САД.
Во конкуренција на поединечни фотографии во категоријата „Спорт“ е награден фоторепортерот Мацке Стефан, кој забележа момент кога голем воден бран исфрла сурфер.
Во конкуренцијата за серија фотографии од спорт е награден фоторепортерот Фороу Алаеи за серијата „Девојка од стадионот“, а ја фотографирал 22-годишната Зејнеп која поради забраната за влез на жените на стадионот мораше да се маскира во маж за да ги гледа фудбалските натпревари во Ахваз (Иран).
Второ место во конкуренцијата на поединечни фотографии во категоријата „Вест“ е награден фоторепортерот на „Асошиејтед Прес“ (Associated Press) Даниел де Олза, за фотографијата мигранти кои ја прескокнуваат мексиканско-американската граница, а третото место му припадна на Алехандро Чегара за фотографија од протестите на движењето „Жолти елеци“ во Париз.
Фоторепортерот на „Гети имиџес“ (Getty Images), Крис Мекграт, освои второ место во конкуренцијата серија фотографии во категоријата „Вест“ и серија фотографи со наслов „Убиство на новинарите“. Улет Ифансасти од Индонезија освои трето место со серијата фотографии со наслов „Смртоносен земјотрес“.
Во конкуренцијата на поединечни фотографии од категоријата „Спорт“ е награден американскиот фоторепортер Терел Грогинс, а третото место му припадна на фотографот на „Ројтерс“ (Reuters), Ленор Франсоа.
Езра Шо е победничка во категоријата серија фотографии од спортот, а третото место му припадна на Ален Шредер.
Победникот на „Istanbul Photo Awards“, Гарабли, доби и парична награда во износ од 8.000 долари. Победниците на категорија добија по 5.000 долари, второпласираните по 3.000, а третопласираните во сите категории по 1.500 долари.
Во наредните месеци сите наградени фотографии ќе бидат изложувани на изложбите на „Istanbul Photo Awards“ во Турција и странство. Фотографиите ќе се најдат и во испечатениот албум на овогодишниот натпревар.
Сите детални информации за наградените фотографии се наоѓаат на интернет-страницата http://istanbulphotoawards.com/.
„Istanbul Photo Awards“ е натпревар кој привлекува големо внимание од стручната јавност, а целта на организаторите е промоција на фоторепортерите и нивната работа во тешки услови.
news_share_descriptionsubscription_contact
