Dilan Pamuk
04 Мај 2021•Ажурирај: 12 Мај 2021
АНКАРА
Жирито на меѓународниот натпревар „Istanbul Photo Awards 2021“ започна со изборот на победници меѓу пратените фотографии, јавува Агенција Анадолија (АА).
Седми пат се одржува натпреварот Anadolu Agency, а состаноците на жирито се одржуваат онлајн поради пандемијата на коронавирусот.
Овогодишното жири се состои од фоторепортерот на Агенцијата НООР (NOOR), Јури Козјрев, дигиталната уредничка во „Париз мач“ (Paris Match), Марион Мертенс, поранешниот шеф на дистрибуција на фотографии и развој на деловна активност на Агенцијата „Франс-прес“ (AFP), Мишел Ското, американската фоторепортерка и писателка Деборах Копакен, главниот спортски фотограф на Агенцијата „Гети имаџес“ (Getty Images), Камерун Спенсер, фоторепортерот Ахмет Сел, главниот уредник на Одделот за визуелни вести на АА, Хасан Ојмез, уредникот на фотографии на АА, Фират Јурдакул и фоторепортерот на „Ројтерс“ (Reuters), Горан Томашевиќ.
Онлајн сесиите, кои АА ги организира само поради натпреварот ќе трае три дена.
Апликациите беа отворени до 18 март, а пријавени се речиси 15.000 фотографии во шест категории поединечна вест, вест во низа, поединечен спорт, тимски спорт, низа фотографии за секојдневниот живот и низа портрети.
Победниците ќе бидат прогласени на 11 мај.
Освојувачот на главната награда за фотографија на годината ќе добие и парична награда во износ од 6.000 долари. Победниците на сите шест категории ќе добијат по 3.000 долари, второпласирани по 1.500, а третопласирани по 1.000 долари.
Исклучок се категориите - низа фотографии за секојдневниот живот и низа портрети во кои паричните награди ќе добијат само победници.