Ekip
31 Август 2016•Ажурирај: 31 Август 2016
АНКАРА (AA) - На годинешниов 28. по ред „Виса пур л’имаж“ (Visa pour l'image) ќе учествуваат престижни фоторепортери, новински агенции, уредувачи на фотографија од списанија од целиот свет, јавува Anadolu Agency (AA).
Фестивалот на кој ќе заземе место и Anadolu Agency (АА) ќе се одржи во градот Перпињан во Франција. Во деновите помеѓу 29. август и 4. септември, организирано е учество за професионалци во фотографската професија. На овој фестивал, кој секоја година има по околу 150 илјади посетители, годинава во име на АА ќе учествуваат уредникот за визуелни вести Ахмет Сел и уредникот на фотографија Фират Јурдакул.
Anadolu Agency (AA) ќе настапи со изложба од 15. јули. Голем е интересот од страна на посетителите за импресивните фотографии, кои беа фотографирани вечерта на 15. јули, за време на обидот за државен удар од страна на ФЕТО. Фотографиите направени од страна на фоторепортерите на АА се документирани во книгата „Што се случи ноќта на 15. јули – чекор по чекор од обидот за државен удар“ и предизвикуваат голем интерес кај посетителите.
Исто така, тие ќе можат да го гледаат подготвеното видео од стана на АА, кое ќе се прикажува на штандот на агенцијата. Во првата недела на фестивалот, која е наменета за професионалците, за посетителите ќе бидат изложени фотографии на фоторепортери од АА, кои се направени во различни делови од светот, а се објавени на порталот на агенцијата „anadoluimages.com“. Исто така, ќе биде изложена и меѓународната фоторепортерска натпреварувачка изложба „Истанбул фото авордс“.
Фоторепортерството ја зајакнува АА
Фотографиите на еминентни професионалци од целиот свет од областа на спортот, документарната фотографија или фоторепортерството ќе бидат изложувани на важни историски и престижни места низ градот Перпињан.
На овој фестивал, на кој учествуваат илјадници посетители, ќе бидат изложени и фоторепортажите што ја одбележаа изминатата година. Уредникот на визуелните вести на АА, Ахмет Сел, кој даде информации за фестивалот, изјави: „Anadolu Agency игра важна улога на меѓународно ниво во секторот на фотографијата.Професионалци од областа на фоторепортерството покажуваат сѐ поголем интерес за АА од година во година“.
Тој додаде дека на посетителите на фестивалот ќе им бидат прикажани фотографиите преточени во книга на англиски јазик од ноќта на 15. јули, кога ФЕТО се обиде направи државен удар. Исто така ќе биде прикажано и видео со сите фотографии, а тој додаде дека со тоа АА сака да ја прикаже голата вистина за тоа што се случи таа вечер.
Потенцирајќи дека учеството на АА на овој фестивал е од големо значење за професионалната интеракција, тој вели: „Преку ова учество, годинава по третпат на овој фестивал, ги прошируваме нашите активности на сите четири страни од светот. Фотографиите направени од Anadolu Agency (AA) се објавувани од страна на престижни весници, списанија, интернет-портали.
„Anadolu Agency“ веќе е бренд што се користи како потпис во фоторепортерството на меѓународно ниво“.
На годинешниов 28. по ред фестивал, ќе се организираат конференции, панели и дискусии на кои ќе се разговара за фоторепортерството и за неговите проблеми, за економијата, развојот и влијанието на новите технологии.